Semos Education Semos Education
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Практична настава по Python + AI

25 December, 2025

Практична настава по Python + AI

Практична настава по Python + AI во мини Full‑Stack академијата за средношколци – што постигнаа учениците?
пишува Тамара Илиева, тренер на активната обука Python + AI, mini full‑stack академијата

Со особено задоволство го споделуваме напредокот и креативната работа на слушателите од детскиот едукативен центар на Семос Едукација, кои во изминатиот период активно учеа, истражуваа и изработуваа проекти во рамки на програмата Python + AI, mini full‑stack академија за средношколци.

Зад нас се недели исполнети со практична работа, нови предизвици и видлив развој на вештини, а резултатите навистина нè прават горди.  Учениците подготвија и презентираа три различни проекти преку кои ги применија знаењата од наставата.

 

Python – логика, алгоритми и решавање проблеми
Во првиот дел од обуката, учениците развиваа основна програмска логика, работеа со услови, циклуси и функции, и решаваа практични задачи преку код. Фокусот беше ставен на логичкото размислување и постепеното решавање проблеми, а не само на самото пишување код.

SQL – вовед во светот на бази на податоци
Во SQL модулот, слушателите дизајнираа едноставни бази на податоци, работеа со табели, релации и структурирани податоци и пишуваа SQL query‑ја за пребарување, филтрирање и анализа. Овој дел им помогна да разберат како функционираат системите и апликациите што секојдневно ги користиме.

HTML & CSS – први веб‑страници и креативен визуелен израз
Во третиот проект, учениците креираа сопствени веб‑страници, користеа HTML за структура и применуваа CSS за дизајн, боја и визуелен изглед. Тука силно се истакна нивната креативност, бидејќи секоја веб‑страница имаше уникатен стил и концепт.

Тимска работа, креативност и континуиран напредок
Горди сме на трудот, истрајноста и тимската работа што учениците ја покажаа во текот на целата програма. Со нетрпение ги очекуваме и нивните финални проекти, каде што уште појасно ќе се види нивниот напредок, самостојност и примената на стекнатите знаења.