Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

FAQ

Често поставувани прашања

Доколку имате било какви прашања, нејаснотии и дилеми во врска со нашите услуги, прочитајте ги одговорите на најчесто поставуваните прашања. Доколку не успеете да најдете одговор на вашето прашање, пополнете ја формата и очекувајте брз одговор од нашиот тим.

Дали сè уште имате прашања ?

Доколку не го најдовте одговорот на вашето прашање, пишете ни или јавете ни се!

Какви обуки одржувате?

Семос Едукација има воспоставено долгорочни партнерства со врвни светски ИТ компании како Microsoft, AWS, Cisco, Oracle, Certnexus, VMware, Autodesk, Adobe итн. Овие авторизирани обуки се наменети за разни корисници со различно ниво на познавање на компјутерските технологии.

Дали организирате прилагодена обука за компании?

Да, Семос Едукација нуди прилагодена обука за компании. Свесни дека секоја компанија има свои уникатни потреби и предизвици. Нашата прилагодена обука е дизајнирана да се адаптира и одговори на специфичните барања и цели на нашите клиенти.

Која обука е најдобра за мене?

Доколку се двоумите и не сте сигурни која обука да ја изберете, најпрво можете да го решите кариерниот квиз. Потоа следи разговор со нашите експерти од Кариерниот центар и нашите одговорни лица за секоја обука поединечно.

Како можам да се пријавам за обука?

Доколку сте сигурни која обука сакате да ја следите, наједноставно е да се пријавите на нашата веб страна на соодветната обука со кликање на копчето АПЛИЦИРАЈ/ПЛАТИ

Каде се одржува обуката?

Обуката се одржува Online во реално време преку платформата MS Teams или со физичко присуство во нашите училници.

Што ми е потребно за да можам да следам обука?

Доколку следите обука која се одвива Online ќе ви бидат потребни: компјутер, соодветен софтвер, камера и микрофон, стабилен интернет. За оние слушатели кои немаат услови да ја следат обуката од дома овозможуваме обуката да се следи од училница со физичко присуство и покрај тоа што обуката е онлајн.

Доколку обуката се одвива во нашите училници со физичко присуство, ќе биде потребно само вашето присуство и желба за учење.

Каква техничка опрема/каков компјутер ми е потребна за да можам да следам обука?

По завршување на секоја авторизирана обука во Семос Едукација добивате сертификат од вендорот кој е меѓународно признат и потврда за посетена обука од Семос Едукација. Доколку обуката вклучува и испит, по успешно полагање на испитот добивате и официјален сертификат од вендорот кој е исто така меѓународно признат.

Како можам да платам за обуката?
Дали можам да следам обука доколку живеам во друга држава?

Да, доколку обуката се одржува Online.

Дали сеуште имате прашања ?

Доколку не го најдовте одговорот на вашето прашање, пишете ни или јавете ни се!