Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Кариерен Центар

Кариерен центар

од Семос Едукација

  • 1

    Нашата приказна започна како концепт за креирање кариерни трансформации и поврзување на компаниите со слушателите кои стекнале знаење во Семос Едукација.

  • 2

    Со континуирана работа од септември 2020, успеавме да ја стекнеме довербата со над 214 компании – соработници и 1918 слушатели – членови на Кариерниот центар, бројки кои секојдневно растат.

  • 3

    Целта на Карирениот Центар е да:
    1. препознаваме квалитети кај студенти;
    2. претставуваме мост помеѓу студенти и компании;
    3. креираме успешни приказни

Формиран како резултат на потребите на компаниите кои се партнери на Семос Едукација од една страна и слушателите кои посетуваат обуки од друга, мисијата на Кариерниот центар е да биде мост кој ќе ги поврзува компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар и индивидуалците кои се спремни да вложат во доквалификација, преквалификација и да ги реализираат своите кариерни соништа.

Обуките и академиите во Семос Едукација нудат практична примена на едукативни содржини кои ќе ти помогнат да стекнеш непроценливо искуство и да станеш експерт во својата област. Веруваме во уникатните квалитети и вештини на секој слушател и наша мисија е да ги препознаеме, развиеме и трансформираме во успешна кариера.

Нашата визија се темели на придонес во вработливоста и имплементација на нови трендови на пазарот на трудот. Се стремиме кон професионален напредок на нашите слушатели и континуирана соработка со нашите компании – партнери. Нашиот ангажман во успешна регрутација на слушателите членови на Кариерниот центар, до сега резултираше со 379 слушатели препорачани во компании и 320 слушатели кои оствариле кариерен напредок.

Продолжуваме да менуваме животи и да остваруваме успешни соработки!