Формиран како резултат на потребите на компаниите кои се партнери на Семос Едукација од една страна и слушателите кои посетуваат обуки од друга, мисијата на Кариерниот центар е да биде мост кој ќе ги поврзува компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар и индивидуалците кои се спремни да вложат во доквалификација, преквалификација и да ги реализираат своите кариерни соништа.
Обуките и академиите во Семос Едукација нудат практична примена на едукативни содржини кои ќе ти помогнат да стекнеш непроценливо искуство и да станеш експерт во својата област. Веруваме во уникатните квалитети и вештини на секој слушател и наша мисија е да ги препознаеме, развиеме и трансформираме во успешна кариера.
Нашата визија се темели на придонес во вработливоста и имплементација на нови трендови на пазарот на трудот. Се стремиме кон професионален напредок на нашите слушатели и континуирана соработка со нашите компании – партнери. Нашиот ангажман во успешна регрутација на слушателите членови на Кариерниот центар, до сега резултираше со 379 слушатели препорачани во компании и 320 слушатели кои оствариле кариерен напредок.