Оваа обука е наменета за продажни тимови кои сакаат практично да го користат Claude како поддршка во секоја фаза од продажниот процес – од истражување на потенцијални клиенти и подготовка за состанок, до креирање персонализирана комуникација, справување со приговори и подготовка на follow-up пораки и понуди. Посебен фокус се става на користење на Claude за анализа на долги документи, белешки од состаноци, веб-содржини и продажни материјали, како и на неговата способност да генерира природен и професионален тон во комуникацијата со клиенти. За времетраење на обуката, секој учесник добива премиум Claude лиценца за практична работа и користење на алатката за време на вежбите.
ДЕН 1: Основни техники, истражување и подготовка за продажба
- Вовед во Claude за продажба и поставување основа за практична работа.
- Зошто Claude во продажбата: тоналитет, анализа на долг текст, работа со Claude Projects и споредба на одговори со други AI алатки.
- Анатомија на совршен продажен промпт: Context, Role, Task, Format и Tone.
- Истражување на пазарот и дефинирање идеален клиент.
- Анализа на конкуренција и препознавање продажни можности.
- Истражување на конкретен клиент пред состанок преку анализа на LinkedIn профили, веб-страници, вести и јавно достапни информации.
- Креирање outreach и cold комуникација која звучи човечки, релевантно и има поголеми шанси за одговор.
- Персонализација: како од еден генерички предлог да се креираат повеќе прилагодени пораки за различни клиенти.
ДЕН 2: Затворање зделки, продажни симулации и пост-состаночни процеси
- Водење продажен разговор со поддршка од Claude и подготовка на сценарија за различни типови клиенти.
- Креирање симулатор за состаноци: поставување на Claude во улога на „тежок купувач“ за role-play вежби пред реален разговор.
- Справување со приговори: развивање framework за одговори на ценовник, технички и конкурентски приговори во реално време.
- Креирање прилагодени прашалници за квалификација на потенцијални клиенти.
- Пост-состаночни процеси: анализа на белешки или transcripts од состаноци, извлекување заклучоци, дефинирање следни чекори и подготовка на follow-up комуникација.
- Креирање понуди и поддршка во процесот на затворање зделки.
- Изградба на сопствен Claude Sales асистент или интерен асистент за целиот продажен тим.
- Етика, сигурност на податоците на компаниите и правила за користење AI во продажба.
- Завршна вежба: креирање комплетен продажен тек, End-to-End Sales Pipeline, применлив на реалниот бизнис на учесниците.
- Побрза и поквалитетна подготовка за продажни состаноци преку анализа на компании, веб-страници, LinkedIn профили и релевантни информации.
- Креирање поперсонализирана комуникација која звучи природно, професионално и прилагодено на клиентот.
- Подобро справување со приговори преку однапред подготвени сценарија за ценовни, технички и конкурентски забелешки.
- Поефикасни follow-up процеси по состанок, со јасни заклучоци, следни чекори и подобро структурирани понуди.
- Можност за вежбање продажни разговори преку role-play симулации со Claude како „тежок клиент“.
- Поставување основа за интерен Claude Sales асистент кој може да го поддржи целиот продажен тим со конзистентни насоки, пораки и процеси.
- Подобро разбирање на правилата за етичко и безбедно користење AI во продажба, особено при работа со деловни и клиентски податоци.
По завршување на обуката, учесниците ќе можат самостојно да креираат AI-поддржан продажен тек – од истражување и подготовка, преку персонализиран outreach и водење разговор, до follow-up, понуда и затворање на зделката. Завршната вежба ги води учесниците низ креирање на комплетен End-to-End Sales Pipeline применлив на нивниот реален бизнис.
По завршување на курсот, учесниците добиваат сертификат за посета издаден од Семос Едукација.