Практична програма за развој на современи продажни вештини, која ги опфаќа сите клучни фази од продажниот процес и ја интегрира примената на AI како поддршка во секојдневната продажна работа. Програмата комбинира продажни техники, комуникациски и преговарачки вештини со практична употреба на AI за подобро разбирање на клиентите, подготовка за продажни активности, персонализација на пристапот и поефикасно водење на процесот од првиот контакт до затворање на продажбата.
Во цената е вклучена и платена AI лиценца која се користи за времетраење на програмата.
Модул 1 Основи на современа продажба
- Улогата на современиот продавач
- Фази на продажниот процес
- B2B и B2C пристап
- Поставување продажни цели и активности
- AI во современиот продажен процес
Модул 2 Познавање на производот/услугата и пазарот
- Познавање на производот и неговите придобивки
- Дефинирање целни клиенти и сегменти
- Анализа на пазарот и конкуренцијата
- Креирање вредносна понуда
- Препознавање продажни можности
- AI за истражување и анализа
Модул 3 Комуникациски вештини и градење доверба
- Вербална и невербална комуникација
- Активно слушање и ефективни прашања
- Прилагодување на комуникацијата
- Градење доверба
- AI за подобра и персонализирана комуникација
Модул 4 Продажна психологија и разбирање на клиентот
- Потреби и мотиви на клиентот
- Однесување при донесување одлуки
- Типови купувачи
- Креирање релевантен продажен пристап
- AI за подобро разбирање на клиентот
Модул 5 Презентациски вештини
- Структура на успешна продажна презентација
- Презентирање вредност
- Storytelling во продажбата
- Прилагодување на презентацијата
- AI како поддршка при подготовка на презентации
Модул 6 Вештини за преговарање и затворање на продажба
- Стратегии за преговарање
- Преговарање за цена и услови
- Справување со приговори
- Техники за затворање продажба
- Одржување на клиентскиот однос
- AI поддршка во преговарање и справување со приговори
Модул 7 Продажба преку дигитални канали
- Social selling
- Пронаоѓање потенцијални клиенти
- LinkedIn и email комуникација
- Персонализиран outreach
- Follow-up и nurturing
- Комбинирање традиционална и дигитална продажба
- AI за дигитална продажба и персонализација
Модул 8 Claude за продажба: AI асистент за затворање зделки
- Подготовка и симулација на продажни разговори
- Квалификација на потенцијални клиенти
- Справување со приговори
- Пост-состаночна анализа и follow-up
- Креирање понуди и затворање зделки
- Claude Sales Assistant и End-to-End Sales Pipeline
По завршување на програмата, учесниците ќе можат да:
- Го водат продажниот процес поструктурирано и поефикасно
- Подобро да ги препознаваат потребите и мотивите на клиентите
- Комуницираат, презентираат и преговараат поуверливо
- Подобро да се справуваат со приговори и да затвораат зделки
- Користат AI за подготовка, анализа, персонализација и follow-up
- Применат End-to-End Sales Pipeline со AI во секојдневната продажна работа
По завршување на курсот, учесниците добиваат сертификат за посета издаден од Семос Едукација.