Овој курс претставува вовед во светот на веб дизајнот и изработка на веб-страници со помош на HTML и CSS. Учениците ќе ги научат основните принципи на креирање и структурирање на веб-содржина, како и начинот на визуелно уредување на страниците.
Курсот започнува со запознавање со основната структура на HTML документ, тагови и атрибути, по што следува работа со табели, слики и мапирани слики. Потоа учениците ќе се запознаат со основите на CSS, селектори и својства, типографија, бои и уредување на веб-страница со помош на DIV елементи.
Посебен акцент се става на практичната работа и примена на наученото преку изработка на домашни работи во форма на мини проекти и финален проект – креирање комплетен веб-сајт со HTML и CSS.
По завршување на курсот, учениците ќе бидат способни самостојно да изработат визуелно уредена веб-страница, применувајќи ги основните вештини во врска со веб дизајнот.