Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Интервју со Теодора Бабамова

4 December, 2023

Интервју со Теодора Бабамова

Здраво Теодора, според тебе, што е она со кое Акредитираната Академија за човечки ресурси во Семос Едукација се издвојува од останатите Академии на пазарот?

Академија за човечки ресурси во Семос Едукацијата нуди споделување на знаење од искусни ментори кои работеле во областа на човечки ресурси повеќе од 10 години и како резултат, тие несебично обезбедуваат практични сознанија и примери од реалниот свет.

 

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

Во контекст со претходниот одговор, моето очекување од оваа Академија е да се здобијам со практично знаење во областа на човечките ресурси на глобално ниво, каде што по финализирањето на Академијата би била способна истото да го имплементирам во работната средина.

 

Како одлучи да станеш Специјалист за човечки ресурси?

Препознавањето на големата потреба од специјалисти за човечки ресурси е секојдневно во пораст и работните улоги во оваа област, без разлика на индустријата, се од суштинска вашност.

Причината зошто одлучив да навлезам во оваа област е токму поради фактот што областа нуди широк спектар на кариерни правци, вклучувајќи регрутирање, обука и развој, компензација и бенефиции, односи со вработените и многу повеќе. Тука е слободата, низ професионалниот развој сами можете да изберете специјализација што се усогласува со вашите интереси и силни страни.