Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Марко Серафимовски за Телма телевизија: Може ли вештачката интелигенција да го скрати работното време?

10 December, 2024

Марко Серафимовски за Телма телевизија: Може ли вештачката интелигенција да го скрати работното време?

На 05.12.2024 (четврток) со почеток од 09:30 часот на Телма телевизија во програмата „Да си кажеме со Горан Петрески“, гостуваше нашиот колега Марко Серафимовски – сениор директор во Семос Едукација. Соговорник на темата „Може ли вештачката интелигенција да го скрати работното време?“, му беше  универзитетскиот професор д-р Лазар Јовевски.

Во емисијата се дискутираше на повеќе теми како: улогата на вештачката интелигенција во секојдневните работни процеси и предвидувања за тоа како вештачката интелигенција ќе ја обликува иднината на пазарот на труд.

Она што беше истакнато од страна на нашиот колега, беше дека еден експерт не може да биде заменет од вештачката интелигенција, туку напротив тој ќе биде заменет од индивидуа која ја употребува вештачката интелегенција во своите секојдневни активности.

Семос Едукација веќе неколку години работи во полето на вештачката интелигенција, почнувајќи од нејзина имплементација до креирање на обуки.  Од 2019 година со создавањето на првата Академија за вештачка интелигенција, Марко и други членови во тимот неуморно работеа и активно придонесуваа во развојот на повеќе од 30 специјализирани курсеви од областа на вештачката интелигенција.

Иднината на вештачката интелигенција е тема за која постојат многу шпекулации, но свесни сме дека неретко вештачката интелигенција зазема насока која не може да се предвиди. Меѓутоа постојаниот развој на вештини кај луѓето останува од клучна важност, бидејќи човечката ескпертиза преставува темел за соодветна, ефективна и етичка примена на вештачката технологија.

Марко како заклучок даде препорака дека мораме да ги развиваме своите AI вештини, и дека вештачката интелигенција може да ни помогне само доколку сме експерти во она што го правиме бидејќи ние сме оние кои ја водиме.

Доколку сметате дека е подобро порано отколку подоцна да почнете да ги развивате вашите AI вештини, да учите да користите AI алатки или пак да развивате свои AI модели, разгледајте ја нашата понуда на обуки за вештачка интелигенција на линкот.