Ѕвездите на генерацијата 2023/24 блеснаа на третите Semos Academy Awards
На 14 мај 2025, во новите простории на Семос Едукација, свечено се одржа третата по ред церемонија на Semos Academy Awards Настанот го одбележа крајот на академската 2023/2024 година и претставуваше емоционално патување исполнето со аплаузи, благодарност и гордост за сè што заеднички постигнавме.
Настанот започна со инспиративен говор од водителката Катарина, која нè потсети на мисијата на Семос Едукација – да создава средина каде што студентите имаат можност да го трансформираат својот живот преку образование. Свое обраќање имаше и извршната директорка Валентина Тасева, која ја нагласи важноста на посветеноста, партнерството и заедничкиот успех во градењето на иднината.
Во рамките на свеченоста беа доделени и три стипендии за Академијата за графички дизајн за новата генерација 2025/26, во вкупна вредност од 5.000 евра, на тема: „Последиците од нашите навики“. Стипендии добија:
· Ивана Антевска – делумна стипендија од 1.000 €
· Ерика Златковска – делумна стипендија од 1.000 €
· Борис Ливрински – целосна стипендија од 2.700 €
Во продолжение, гордо ги претставуваме ѕвездите на генерацијата 2023/24 – најдобрите студенти од секоја од академиите:
1. Академија за веб дизајн – Кристијан Васиќ
2. Академија за графички дизајн – Дорис Маринковиќ
3. UX/UI дизајн (МОН акредитирана) – Весна Илиевска (септ. 2023), Јана Величкова (март 2024)
4. Data Science Институт – Санела Никодиноска
5. JavaScript Академија – Демјан Анатоли Голубов и Ангел Спасов
6. Game Development Академија – Филип Тосковски и Милко Тренчевски
7. Академија за софтвер тестер – Душан Тофчески и Амра Ибраими
8. Академија за внатрешен дизајн – Ангела Петреска и Гордана Кадинец
9. Академија за дигитален маркетинг – Ивана Конзулова и Бранкица Бошковска
10. Академија за човечки ресурси – Ирена Касапоски Стојанова и Благица Каракашева
11. Microsoft Cloud Developer (.NET) – Симеон Паунов
12. Академија за вештачка интелигенција – Елена Шајноска
13. Академија за визуелни ефекти – Симеон Костовски
14. Академија за сајбер безбедност – Антонино Царисти
15. Академија за индустриски дизајн – Игор Зафировски
Посебни признанија беа доделени и на нашите партнери:
· Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – за најдобар студентски проект од областа на општествено одговорни практики (Академија за графички дизајн)
· Ad Value – Талент Партнер со најактивно учество во академиите
Овој настан уште еднаш потврди дека образованието менува животи, а заедницата на Семос Едукација останува посветена на креирање нови успешни приказни, генерација по генерација.
Септемвриските уписи на Семос Академиите се во полн ек, со попусти од 20% до 30 јуни на сите академии. Избери ја иднината со супер платена професија, аплицирај на https://akademii.semosedu.com/