Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Семос Едукација го одбележува својот 30 годишен јубилеј со ново лого и целосно нов визуелен идентитет

11 July, 2025

Семос Едукација го одбележува својот 30 годишен јубилеј со ново лого и целосно нов визуелен идентитет

Модерен изглед за нова ера

Скопје, јули 2025 — По три децении успешно постоење, лидерство и иновации во областа на едукацијата и професионалниот развој, Семос Едукација гордо ја  најавува прославата на својот 30-ти јубилеј со ново лого и целосно нов визуелен идентитет.

Оваа значајна промена претставува повеќе од ново лого и нови визуелни елементи – тоа е одраз на еволуцијата на компанијата, нејзината подготвеност за иднината и амбицијата да продолжи да биде движечка сила на дигиталната трансформација во регионот.

„30 години не се само бројка – тие се приказна за доверба, квалитет и постојана иновација. Со новиот визуелен идентитет, сакаме да ја пренесеме нашата визија за иднината на учењето – поинтерактивно, поприлагодено и поблиску до реалните потреби на луѓето и компаниите. Сето тоа е во насока на креирање уште поголема вредност за учениците, студентите, професионалците и бизнис заедницата.“, изјави Валентина Тасева, сопственичка и генерална директорка на Семос Едукација.

Во фокусот остануваат мисијата и вредностите кои не се менуваат: да се споделува знаење, да се поттикнува раст и да се создава иднина преку едукација почитувајќи ги луѓето, иновативноста, креативноста и етичноста.

Процесот на целосно ребрендирање е во тек, и е долг и комплексен. Повеќе детали за новиот идентитет и јубилејни активности ќе бидат објавени наскоро.


 

Семос едукација е пионер во IT неформалното образование во Македонија. Од своите почетоци во 1995г., следејќи ја својата определба да биде двигател на иновативните решенија во ИТ образованието, денес претставува меѓународен едукативен центар со преку 200.000+ слушатели, во над 34 земји во светот, со повеќе од 140 експерти и над 400 обуки наменети за бизниси и крајни корисници.