Certiport е една од трите глобални компании кои работат со официјална вендорска сертификација и единствена меѓу нив која овозможува воведно ниво на сертификација наменета за младите на сите едукациски нивоа и работната сила. Сертификациските испити на Certiport се испорачуваат низ мрежа од 12.000 и повеќе партнери – Certiport Authorized Training Centers во 152 земји во светот на 27 јазици. Овие сертификати се стандард за академска подготвеност и спремност на работната сила, овозможувајќи на индивидуалците со различна стручна квалификација да ги потврдат вештините потребни во денешниот конкурентен свет, воден од брзиот развој на технологијата.
Certiport администрира со следните меѓународно признати сертификати:
Сертификатот Microsoft Office Specialist (MOS) креиран од страна на Certiport е единствениот прифатен сертификат на глобално ниво кој претставува квалификација базирана на стандардите за оценување на вештините за Microsoft Office пакетот. Тоа е официјален Microsoft Office сертификат за продуктивност во работата, кој им овозможува на студентите од средно и високо образование, како и на кандидатите кои се обучуваат или работат, да ги потврдат своите вештини и да напреднат на акдемско и професионално ниво.
Certiport испорачува над милион испити за MOS сертификација на годишно ниво и претставува најголема IT сертификациона програма во светот. MOS сертификатот:
Обезбедува квалификации кои се препознатливи ширум светот.
Сертификатот Microsoft Technology Associate (MTA) е првиот чекор во Microsoft IT сертификационата програма.
MTA ги потврдува основните концепти во технологијата кои се темел за успешна кариера во IT индустријата, овозможувајќи им на студентите да истражуваат нови патишта во кариерата со прифатлива инвестиција на време и ресурси.
Користење на дигиталните комуникации при вработување се применува во сите индустрии ширум светот. Adobe Certified Associate (ACA) сертификатот обезбедува квалификација и потврда на вештините при работа во графички дизајн, веб маркетинг или видео продукција
Autodesk Certified User (ACU) сертификационата програма е кариерно ориентирана и технички едукативна програма, со која студентите учат атрактивни 2D и 3D дизајн вештини користејќи го најновиот Autodesk дизајн софтвер.
IC3 Digital Literacy е сертификат кој ја потврдува спремноста на кандидатот да успее во работното опкружување кога од него се бара работа на компјутер и интернет. Темите на IC3 испитите се одредени од страна на Global Digital Literacy Council, тим на експерти која го репрезентира Certiport пред глобалната публика. IC3 е интернационално признат сертификат кој ги потврдува најрелевантните вештини на дигитална писменост потребни во денешниот академски и бизнис сектор. За да го добие овој сертификат, кандидатот мора да положи три испити.
До денес, Certiport има доставено преку 11 милиони испити ширум светот.
Статистиката покажува дека, Certiport одржува 3500 испити дневно што би значело 145 испити на саат или 2.41 испити во минута некаде во светот.
За повеќе информации посетете ja официјалната страница на Certiport www.certiport.com.