Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Amazon Web Services Сертификација

AWS нуди сертификација базирана на улоги за оние кои што сакаат да ја потврдат својата експертиза и искуство. Постојат нивоа на сертификација за Cloud Practitioner, Architect, Developer и Operations улогите, а како додатни се Specialty сертфикациите за напредни нивоа во специфични технички полиња. Погледнете ги патеките за учење, за да ја најдете вистинската обука која што ќе Ви помогне да изградите искуства и ќе Ве подготви за AWS сертификација.

AWS Certified Cloud Practitioner

Оваа сертификација е наменета за индивидуалци кои што бараат потврда за своите општи сеопфатни познавања за AWS Cloud технологијата. Оваа патека е корисна за индивидуалци кои што работат во технички сектор, како менаџери, продажба или имаат финансиска улога во AWS Cloud.

AWS Certified Solutions Architect – Associate

Овие патеки се дизајнирани за архитекти и инженери на решенија или за секој еден кој што сака да научи да дизајнира апликации или системи на AWS. Изградете ги Вашите технички вештини и напредувајте по патеката за да ги достигнете овие AWS сертификации со препорачаните курсеви, вежби и испити.

AWS Certified DevOps Engineer – Professional

Овие сертификациски патеки се дизајнирани за програмери кои што сакаат да научат како да развиваат „клауд“ апликации на AWS. Изградете ги Вашите технички вештини и напредувајте по патеката за да ги достигнете овие AWS сертификации со препорачаните курсеви, вежби и испити.

AWS Certified SysOps Administrator – Associate
AWS Certified DevOps Engineer – Professional

Овие патеки се дизајнирани за системски оператори, системски и развојни администратори кои што сакаат да научат како да креираат автоматска и повторувачка инсталација на апликации, мрежи и системи на AWS платформата. Изградете ги Вашите технички вештини и напредувајте по патеката за да ги достигнете овие AWS сертификации со препорачаните курсеви, вежби и испити.

AWS Certified Advanced Networking – Specialty
AWS Certified Big Data – Specialty
AWS Certified Security – Specialty

AWS нуди три Specialty сертификациски патеки кои се фокусирани на Advanced Networking, Big Data и Security. Овие патеки се дизајнирани за здобивање и сертификација со напредни вештини во специфични технички области. Напредувајте во патеката за да се здобиете со AWS Сертификација преку препорачани курсеви, вежби и испити.