Autodesk нуди голем број на можности за сертификација кои ќе Ви помогнат да ги постигнете своите цели, вклучувајќи сертификација за студенти, инструктори, како и за професионалци од индустријата. За сите оние кои сакаат да се стекнат со Autodesk сертификат, можат да ги одберат следните опции:
Титулата е наменета за оние кои се релативно нови корисници, односно со поминати 40 часа на Autodesk апликацијата и сакаат да докажат основни вештини. Сертификацијата на ова ниво помага да покажат посветеност за академски успех и развој на кариерата.
ACU испитите се полагаат во Certiport тестинг центарот на Семос Едукација. Повеќе информации за закажување на испит прочитајте на следниот линк Certiport тестинг центарот.
Autodesk Certified User испитите се достапни во 6 различни Аutodesk алатки, секоја од нив е поврзана со различна дигиталната кариера или индустрија. Врз основа на Вашиот интерес, талент и цели во кариерата, изберете една или повеќе Autodesk Certified User сертификации.
Сертификатите се валидни 3 години од денот на издавање. Сите сертификати кои се погоре наведени се нудат за најновите верзии од апликацијата. Сертификати во претходни верзии на соодветните апликации имаат валидност со лимитирано време, но не се препорачуваат поради неактуелноста во индустриските трендови.
За повеќе информации поврзани со ACA сертификатите, прочитајте на Certiport.
Титулата е наменета за oние кои поседуваат напредни вештини и активно користење на Autodesk апликациите од 3-5 години. Сертификацијата на ова ниво укажува на професионалност при користење на Autodesk вештини потребни за да се издвоите од конкуренцијата и да напредувате во кариерата.
ACP испитите се полагаат во Certiport тестинг центарот на Семос Едукација. Повеќе информации за закажување на испит прочитајте на следните линкови Certiport тестинг центарот.
Autodesk Certified Professional сертификатот покажува професионални вештини и експертиза во една или повеќе апликации на Autodesk во областа на архитектурата, градежништвото, машинството и филмската индустрија.
За повеќе информации поврзани со ACP сертификатите, прочитајте на Certiport.
Со посета на официјален Autodesk курс во Семос Едукација, слушателот добива бесплатна подготовка за ACU сертификација, како и еден бесплатен ваучер за полагање.