Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Консултантски услуги

Зошто консултантски услуги?

Семос Едукација е водечки ИТ едукативен центар во Северна Македонија и регионот и е специјализиран за обезбедување на врвни услуги и за компании и за поединци. Ние нудиме широк спектар на консултантски услуги, вклучувајќи подготовка на деловни и финансиски извештаи, табели на Excel, PowerBI и анализа на податоци, Dataware, Revit и BIM технологии, Cloud Migration, инсталација на софтвер, развој на веб-страници, развој на производи, маркетинг услуги и дигитален маркетинг услуги. Нашиот тим од експерти има долгогодишно искуство во нивните области и обезбедува висококвалитетни решенија кои ги задоволуваат уникатните потреби на нашите клиенти.

Во Семос Едукација, се гордееме што обезбедуваме исклучителни услуги за клиентите и градење долгорочни односи со нашите клиенти. Ја разбираме важноста од доставување навремени и ефективни решенија и работиме неуморно за да обезбедиме нашите клиенти да ја добијат потребната поддршка за да ги постигнат своите цели.

BI & Data Analytics Консалтинг

Вашите податоци имаат да ви кажат вредна приказна.
Дозволете ни да ви помогнеме да ја откриете таа приказна.

28 години им помагаме на нашите клиенти преку споделување на нашето знаење и обука на нивните вработени. Во 2020 година, воведовме нова услуга, со цел да им помогнеме на нашите клиенти на поинаков начин – да им понудиме нова услуга BI and Data Analytics консултантски услуги. 

Во денешно време, податоците претставуваат моќна алатка за успехот на еден бизнис. Без разлика на тоа дали сакате да го подобрите процесот на донесување на одлуки базиран на податоци или едноставно сакате да ги мерите перформансите на вашето работење, користењето на вашите податоци може да има големо влијание врз вашиот бизнис на тој начин шт ќе го промени вашето работење како и начинот на донесување на одлуки. Нашите BI and Data Analysis консултантски услуги ќе ви помогнат да го извлешете најважното нешто што вашите одатоци го кријат – знаењето, да ги интегрирате податоците во Data Warehouse и да добиете вредни информации, преку интерактивни interactive контролни прегледи, со користење на Микрософт алатките како што се Power BI, MS Excel, SQL Server, SSAS, SSIS, SSRS, SQL Azure и многу други.

Нашите консултанти имаат повеќе од 20 години искуство во оваа област и имаат работено на голем број интернационални проекти.

Услуги кои ги нудиме:
Услуга
Анализа на податоци и креирање на извештаи
Интеграција на податоци
Визуелизација на податоци
BI Контролни прегледи – Dashboards
Како ние работиме:
ЧекориОпис
Чекор 1: Иницијален разговорВо оваа сесија нашите консултанти ќе ги слушнат вашите барања и ќе ви предложат решение кое во целост ќе ги задоволи истите.
Чекор 2: Планирање и проценка на проектотВо зависност од Вашите барања, нашите Microsoft Certified Data Analyst консултанти ќе направат увид на Вашата постоечка околина, и ќе подготват извештај во кој ќе бидат наведени елементите со кои ќе се подобри вашето работење.
Чекор 3: Извршување на проектотНашите консултанти ќе го започнат проектот во согласност со дефинираната временска рамка.
Чекор 4: Прифаќање на решениетоПо изработката и успешното тестирање на решенито, консултантите ќе подготват документ за прифаќање на истото и ќе го постават во продукциска околина.
Чекор 5: ОбукаОва е завршниот чекор, кога консултантите ќе организираат обука за вашиот тим, со цел да бидат подготвени да го одржуваат решението како и да можат самостојно да прават промени во иднина.
Financial report
KPI report