БЕСПЛАТНИ обуки за млади претприемачи во Вештачка интелигенција
СЕМОС Едукација, во рамките на проектот „Зајакнување на вештините на младите претприемачи со Вештачка интелигенција“ (Enhancing Skills of Young Entrepreneurs through Artificial Intelligence), финансиски поддржан од програмата на ЕБРД, отвора повик за апликации.
Целта на програмата е да им овозможи на младите претприемачи практични и флексибилни знаења за примена на AI алатки во деловното работење и да ја поттикне нивната конкурентност и иновативност.
Што ќе добиете од програмата?
· Работа со најсовремени AI алатки: Copilot и ChatGPT
· Тематски работилници за: маркетинг, менаџмент и финансии
· Индивидуално менторство со експерти
· Нетворкинг активности со претприемачи и професионалци
· Обработка на теми од етика во AI, заштита на лични податоци и сајбер безбедност
За кого е наменета обуката?
· Млади лица до 35 години
· Основачи, сопственици или дел од управата на мали или средни претпријатија
· Компании кои активно работат во последните 3 години
· Кандидати со базични дигитални вештини
Како да аплицирате?
За апликација потребно е да приложите:
· Тековна состојба на компанијата
· Кус опис на компанијата
· Потврда за вашиот статус во компанијата
Испратете ги потребните документи на: 📧 nikolina.stojanovska@semos.com.mk
👉 Пополнете ја формата за апликација тука:
Не ја пропуштајте можноста!
Научете како AI може да го трансформира вашиот бизнис