Сметководство 2.0 започна!
Со голем интерес и одлична енергија ја одржавме првата онлајн сесија од новата соработка помеѓу Семос Едукација и ИСОС.
Околу шестотини членки на ИСОС со интерес и активно ја следеа сесијата и ги споделија своите искуства.
Во фокусот беше практичната примена на дигиталните алатки – од Microsoft 365 и Excel, до Power BI и вештачка интелигенција – во сметководственото секојдневие.
Ги отвораме вратите за ефикасно, паметно и современо работење!
Преку внимателно креирани пакети и обуки, сметководителите ќе имаат можност да го надминат класичниот пристап во работењето и да усвојат практични вештини што носат директна корист: заштеда на време, зголемена точност и нови можности за советодавни услуги.
Обуките опфаќаат теми како работа со Excel, Microsoft 365, Power BI и вештачка интелигенција, прилагодени на реалните предизвици со кои се соочуваат професионалците од областа. Преку практични примери и применливи знаења, секој учесник ќе може веднаш да ги користи алатките во секојдневното работење, да ја зголеми продуктивноста и да понуди поголема вредност на своите клиенти.
Ова е само почетокот – следуваат нови обуки, алатки и можности што ќе ви помогнат да заштедите време, да понудите нови услуги и да креирате вредност за вашите клиенти.