Над 40 студенти од Семос Академиите ги добија своите сертификати

Уште една генерација студенти успешно го заокружи своето академско патување во Семос Едукација. На свечен настан беа доделени сертификати на студентите кои успешно ги завршија академиите и направија значаен чекор кон својот понатамошен професионален развој.
Сертификати добија студентите од:
- • Академијата за внатрешен дизајн
- • JavaScript академијата
- • Академијата за сајбер безбедност
- • Game Development академијата
На настанот присуствуваа студенти од генерациите 2025/2026 и 2026, а над 40 студенти успешно ги завршија академиите и ги добија своите сертификати.
Особено нè радува што зад секој доделен сертификат стои многу повеќе од успешно завршена програма. Стојат месеци учење, практична работа, нови вештини, предизвици и реални проекти преку кои студентите се подготвуваа за следниот чекор во својата кариера.
За време на настанот, студентите ги споделија и своите искуства од академиите. Дел од нив посочија дека стекнатото знаење веќе го применуваат во пракса, додека некои веќе го пронаоѓаат своето место на пазарот на трудот.
Токму тоа е една од најголемите вредности на академиите: знаењето да не остане само теорија, туку да прерасне во практични вештини, самодоверба и нови професионални можности.
Им честитаме на сите студенти за посветеноста, истрајноста и успешно завршената академија и им посакуваме многу успех во следните професионални предизвици.
Сертификатот го означува крајот на една етапа, но и почетокот на следната.