Black Week во Семос Едукација: Попустите траат неколку дена. Знаењето останува засекогаш.

Black Friday најчесто е синоним за попуст на нешто што долго го посакуваме нов телефон, патики, гаџет. Но, оваа година ти предлагаме малку поинаква перспектива, попустот да го искористиш за нешто што може да има долгорочен импакт врз твојата иднина.
Нашата кампања под наслов „Попустите се ограничени. Знаењето останува засекогаш.“ Семос Едукација овозможува попуст до 50% на специјално одбрани АИ обуки, кариерни програми, сертификациски испити и курсеви за млади.
Пораката на кампањата е едноставна дека ваквите понуди траат кратко, но знаењето и вештините што ги стекнуваме остануваат и создаваат вредност долго потоа.
Технологијата, вештачката интелигенција и новите начини на работа ги менуваат професиите со невиден темпо. Континуираното учење затоа веќе не е само предност, туку предуслов за професионален развој.
Затоа годинашнава понуда е фокусирана на програми за практично знаење, надградба на професионалните компетенции и подготовка за следниот чекор во кариерата. Понудата опфаќа пет категории:
- • Кратки курсеви – за брза и практична надградба на конкретна вештина, применлива веднаш во работата.
- • AI обуки– обуки за тоа како вештачката интелигенција може конкретно да помогне во секојдневната работа, од анализа и продуктивност до дизајн и програмирање.
- • Кариерни програми – за оние што планираат посериозен кариерен чекор, промена на професионалната насока или стекнување нов сет компетенции.
- • Сертифицирани испити – можност знаењето да се потврди со меѓународно признаена сертификација.
- • Курсеви за млади – за оние кои сакаат да стекнат практични дигитални вештини и да направат прв чекор кон професиите на иднината.
Целосната понуда е достапна на blackweek.semoseducation.com.
Попустите се ограничени. Знаењето останува засекогаш.