Claude во Excel е практична обука наменета за сите кои секојдневно работат со табели, податоци, формули и извештаи и сакаат да научат како со помош на AI да ја забрзаат и поедностават работата во Excel.
Учесниците ќе научат како да го користат Claude директно во Excel преку додатокот, како да му даваат јасни инструкции, како да анализираат и пополнуваат податоци, да проверуваат формули и да подготвуваат појасни извештаи. Обуката е фокусирана на реални работни ситуации и практични примери кои веднаш може да се применат во секојдневната работа. За времетраење на обуката, секој учесник добива премиум Claude лиценца за практична работа и користење на алатката за време на вежбите.
Оваа обука е наменета за професионалци кои редовно работат со Excel и сакаат да ја зголемат својата ефикасност со помош на AI алатки.
- Вработени во финансии, сметководство и администрација
- HR тимови кои работат со податоци за вработени, извештаи и евиденции
- Продажни и маркетинг тимови кои анализираат листи, кампањи и резултати
- Менаџери и тим лидери кои подготвуваат извештаи и следат KPI податоци
- Проектни координатори и аналитичари кои работат со различни Excel фајлови
- Сите кои сакаат побрзо и попрецизно да работат со табели, формули и податоци
По завршување на обуката, учесниците ќе можат да:
- Работат побрзо со Excel фајлови преку јасни AI инструкции
- Намалат рачна работа при чистење, пополнување и организирање податоци
- Ги проверуваат и подобруваат формулите со помош на Claude
- Полесно да откриваат грешки, нелогичности и неконзистентни податоци
- Креираат појасни и подобро структурирани извештаи
- Користат готови инструкции кои може да ги применуваат во идни фајлови
- Ја подобрат точноста и сигурноста при работа со податоци
- Го користат Claude како практичен асистент за секојдневна работа во Excel
По завршување на курсот, учесниците добиваат сертификат за посета издаден од Семос Едукација.