Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да се запознаат со основите на објектно ориентираното програмирање, па подоцна со модерната мобилна платформа Android, како и за оние кои веќе имаат некакво познавање од објектно ориентирано програмирање, а би сакале да се запознаат со јазикот Java и со основите на оваа мобилна платформа.
Со изучување на овој курс, учесниците ќе се стекнат со основи на Java програмскиот јазик кој се користи за програмирање на Android апликации, како и со основните концепти на самата мобилна платформа.
Учениците ќе работат на неколку практични проекти низ текот на обуките, преку кои го зајакнуваат материјалот опфатен во предавањата.
Во текот на овој курс секој од учесниците ќе ги совлада клучните карактеристики на програмскиот јазик Јава, кои ќе им помогнат да ги применуваат сите Java функции во контекст на основните компоненти на Android, исто така ќе ги совладаат вештините при градење на UI дизајн.
По завршувањето на овој курс секој од учесниците ќе биде способен да започне развој на основна апликација која понатаму би ја развивал во покомплексна како напредува со изучувањето на оваа мобилна платформа.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација