Оваа дводневна обука е наменета за сметководители и финансиски професионалци кои сакаат да научат како да користат вештачка интелигенција за да ја поедностават и забрзаат својата секојдневна работа. Не е потребно никакво техничко знаење или претходно искуство со AI — сè е објаснето едноставно и практично.
Во текот на обуката ќе работите со реални сметководствени примери. Ќе научите како генеративната AI може да ви помогне да извлечете податоци од фактури, да подготвите табели, да организирате информации од различни документи и да проверувате дали фактурите се совпаѓаат со банкарските изводи. Ќе видите и како AI препознава делумни плаќања, недоследности и информации што недостасуваат — задачи кои вообичаено одземаат многу време.
Важен дел од обуката е учењето како да напишете јасен и точен prompt — инструкцијата што му ја давате на AI. Со добар prompt, AI може брзо да подготви извештаи, резимеа, табели и анализи за доцнења, ризици или однесување на клиентите.
Во текот на вториот ден ќе откриете како AI може да помогне во процена на ризик, следење рокови од договори и поедноставено читање важни документи. Ќе вежбате и пишување професионални email пораки за интерна употреба и за клиенти.
За најдобро практично искуство, секој учесник добива премиум пристап до платен Microsoft Copilot, за да може да вежба и да ги применува новите вештини.
Оваа обука е практична, разбирлива и создадена токму за потребите на сметководителите. Ќе научите како да намалите рутина, да анализирате побрзо и да го подобрите квалитетот на вашата работа.
1. Вовед: Генеративна AI во сметководството
Овој дел нуди кратко запознавање со тоа што претставува генеративна AI и како може да помогне во секојдневните сметководствени задачи. Учесниците ќе разберат каде носи најмногу вредност, кои процеси може да се забрзаат и како безбедно да се користи во реална работа.
2. Основи на добар prompt
Учесниците учат како да формулираат јасни, прецизни и корисни инструкции за AI. Се обработуваат принципи како намера, контекст, формат и ограничувања, со примери што покажуваат како подобриот prompt води до подобар резултат.
3. Извлекување податоци од фактури
Во оваа практична вежба учесниците работат со неструктурирани фактури и учат како AI може да ги претвори во уредна табела погодна за понатамошна анализа. Фокусот е на точност, структура и подготовка на податоците.
4. Усогласување фактури и банкарски изводи
Овој модул покажува како се поврзуваат фактури со плаќања, препознавање делумни или повеќекратни уплати, недостасувачки референци и нерелевантни трансакции, со практични примери од реална работа.
5. Анализа на резултати од усогласување
Учесниците учат како да ги прегледуваат разликите, статусите, преплатите и недоплатите, како и како да подготват јасен, краток извештај со најважните наоди и препораки.
6. Подобрување на промтови(Prompt Refinement)
Овој дел го надградува претходното учење – учесниците ги анализираат добиените резултати и учат како да го подобрат промтот за да добијат поточни, поструктурирани и покорисни одговори.
7. Од reconciliation до бизнис извештај
Се учи како од усогласените податоци да се изгради основен бизнис увид преку додавање колони, pivot табели, следење статуси и подготвување едноставни менаџерски извештаи.
8. Анализа на доцнење на плаќања
Овој модул им помага на учесниците да идентификуваат клиенти што доцнат, да пресметаат денови на доцнење и да ги рангираат според ризик или навики на плаќање.
9. Проценка на ризик на клиенти
Се користат податоци и логички критериуми за класификација на клиенти во низок, среден и висок ризик, со јасни примери применливи за финансиско следење.
10. Практичен час: AI агент за интерни политики
Практичен час каде ќе се разгледува креацијата на личен AI асистент (агент) кој автоматски чита и сумира интерни политики. Агентот извлекува клучни правила, рокови и процедури, создава кратки резимеа и прегледи што помагаат за брза ориентација низ долга документација.
11. Деловна комуникација поврзана со договори
Овој дел ги учи учесниците како да подготват професионални еmail пораки, и интерни и кон клиенти, особено во ситуации како истекување договор или потреба за дополнителна информација.
12. Завршна вежба
Практична ситуација каде учесниците ги поврзуваат сите научени чекори: анализа на податоци, следење статуси, процена на ризик и подготвување комуникација.
13. Заклучоци и препораки
Последниот модул дава насоки како генеративната AI да се користи секојдневно, кога треба да се проверуваат резултатите и како да се зголеми продуктивноста без да се загуби контролата врз квалитетот.
Оваа обука е наменета за сметководители и финансиски професионалци кои сакаат да ја поедностават и забрзаат својата работа со помош на генеративна вештачка интелигенција. Конкретно, таа е идеална за:
- Сметководители (почетници и искусни)
- Финансиски референти и службеници
- Лица задолжени за фактурирање, побарувања и плаќања
- Вработени што подготвуваат извештаи, табели и документација
- Професионалци кои немаат техничко или AI знаење, но сакаат да работат побрзо и попрецизно
Обуката е практична и е погодна и за оние кои прв пат користат AI, како и за оние кои сакаат да ги подобрат постоечките вештини. Секој учесник добива и премиум пристап до AI алатка за време на обуката, што ја прави соодветна и за оние кои сакаат да ги истражат функционалностите пред да се одлучат за имплементација на некоја специфична алатка.
За следење на обуката потребно е учесниците да имаат претходно познавање од основен или напреден Excel, со цел успешно да ги применат техниките и вежбите што се обработуваат.
На обуката ќе научите како практично да користите вештачка интелигенција за:
- пишување јасни и ефективни prompt-ови за сметководствени задачи
- извлекување и структурирање податоци од фактури и други документи
- креирање на сопствен AI асистент (агент)
- усогласување на фактури со банкарски изводи
- препознавање делумни плаќања, отстапувања и нерегуларности
- анализа на доцнења, статуси и ризик кај клиенти
- подготовка на dashboard и кратки менаџерски извештаи
- обработка на договори и следење клучни рокови
- подготовка на професионална деловна комуникација со помош на Copilot
Сертификат за присуство на курсот објавен од Семос Едукација.