Подемот на информатичката технологија доведе до генерирање огромни количини на податоци, а со тоа создавање на големи архиви. Анализирањето на тој обем на податоци е генерално можно само со користење на специјални техники и алатки. Една таква алатка е Microsoft Excel, најпозната и широко употребувана алатка.
Во светот на дигитализацијата, Excel останува моќна и клучна алатка, вградена во деловните процеси со децении што ја прави универзално достапна. Оваа динамична алатка ефикасно се користи при анализа на податоци, често пати од дескриптивна кон предикативна анализа. Разновидноста на Excel, од користење на формули, вградени функции, Пивот табели и други негови алатки за анализа, овозможува лесно справување со сложените задачи.
Excel се користи за задачи како што се финансиско планирање, управување со проекти, следење на залихи и анализа на перформансите.