Microsoft 365 e многу повеќе од збир на Microsoft апликации поставени на cloud. Нуди многу придобивки во развојот на работата и растот на продуктивноста, заштеда на пари и ресурси.
Флексибилноста и поврзаноста која ви ја нуди Microsoft 365 ќе направи да бидете поефикасни и постојано во чекор со настаните кои ви се од важност. Сите потребни апликации за работа се поставени на едно место а унифицираниот интерфејс дотолку ги прави овие апликации да бидат едноставни за употреба.
Подемот на информатичката технологија доведе до генерирање огромни количини на податоци, а со тоа создавање на големи архиви. Анализирањето на тој обем на податоци е генерално можно само со користење на специјални техники и алатки. Една таква алатка е Microsoft Excel, најпозната и широко употребувана алатка.
Во светот на дигитализацијата, Excel останува моќна и клучна алатка, вградена во деловните процеси со децении што ја прави универзално достапна. Оваа динамична алатка се користи за задачи како што се финансиско планирање, управување со проекти, следење на залихи и анализа на податоци и перформансите.
Разновидноста на Excel, од користење на формули, вградени функции, Пивот табели, графичко прикажување на податоците и други негови алатки за анализа, овозможува лесно справување со сложените задачи.
Microsoft 365 пакетот за сметководителите ги опфати следниве модули:
- Работа со Microsoft 365 (SharePoint, OneDrive, Teams, Outlook, Planner, Forms)
- Основен Excel
- Напреден Excel, применет во финански и сметководство
Работа со Microsoft 365
- SharePoint
- Колаборација и Придобивки од Microsoft 365
- Microsoft SharePoint 365
- OneDrive
- Зачувување и споделување на фолдери и фајлови преку OneDrive
- Синхрозиран статус на фајлови и фолдери
- Споделување на фајлови со помош на линкови и јавни папк
- Teams
- Раководење со тимови, канали и разговори во Microsoft Teams
- Раководење со соработката во Teams
- Раководење на состаноци, настани и повици во Teams
- Outlook
- Заедно на едно место – е-пораките, календарите, контактите и списоците со задачи
- Организација на денот (закажување на настани, состаноци, reminders)
- Организација на мејлови, означување на приоритети на мејлови
- Planner
- Погледи по ден, задачи, членови на тимот и план
- Креирање и управување со задачи, планови и проекти
- Forms
- Користење на готови темплејти и креирање на форми
- Креирање на прилагодени форми (анкети, пријави и квизови)
- Визуелизира и анализа на податоците добиени како одговор на поставените прашања од формите
Основен Excel
- Правила за организирање, внесување и селектирање на податоци
- Правилно форматирање на различни типови податоци
- Креирање и модификација на табели
- Управување со работни листови
- Креирање и менување на формули
- Работа со основни вградени функции
- Препознавање и поправање на грешки
- Креирање и модификација на графикони
- Работа со меѓурезултати при анализа на податоци
- Подготовка за печатење на табели
- Креирање на различни типови на документи
Напреден Excel, применет во финансии и сметководство
- Наменско форматирање на броеви
- Напредно користење на формули
- Работа со именувани ќелии
- Користење на напредни вградени функции
- Препознавање на грешки во формули
- Работа со големи табели – бази на податоци
- Ограничување на внес на податоци
- Напредно користење на графикони
- Анализа на податоци
- Работа со изведени табели – Pivot Table
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација
Со положен испит се стекнувате со меѓународно признат сертификат – Microsoft Office Specialist за соодветна Micrososft Office апликација.
Сертификатот Microsoft Office Specialist (MOS) е еден од најполаганите водечки ИТ сертификати во светот.
Сертификатот е прифатен на глобално ниво кој претставува квалификација базирана на стандардите за оценување на знаење и вештини за продуктивно користење на Microsoft Office Excel.