Програмскиот јазик C++ е јазик кој овозможува креирање на брзи и моќни програми и целосно го поддржува објектно-ориентираното програмирање.
На курсот слушателите ќе се запознаат со суштината на објектно-ориентираното програмирање и ќе научат како да моделираат објекти со нивните карактеристики и истите да ги претстават во програмски јазик.
Овој курс е наменет за сите средношколци, студенти и вработени кои сакаат да го научат јазикот кој преставува основа на модерните програмски јазици (C# и Java). Курсот претставува вовед и навлегување во светот на програмирање со C++.
До крајот на курсот слушателот ќе:
- Разбира генерални концепти на компјутерско програмирање
- Разбира синтакса и семантика на јазикот C ++, како и основните типови на податоци што ги нуди јазикот
- Ги знае принципите на објектно-ориентираниот модел и неговата имплементација во јазикот C ++
- Решава проблеми со типична имплементација со помош на стандардните библиотеки на јазикот C ++
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација