Програмскиот јазик C е идеален јазик за да се научи програмирање. Тој е моќен и компактен компјутерски јазик кој ви овозможува да пишувате програми во кои е наведено токму она што го сакате вашиот компјутер да прави. Вие сте главни при програмирањето: создавате програма, која е само едно множество од инструкции, и вашиот компјутер е должен да ги следи.
Моќта на C е таква што се користи за програмирање на сите нивоа, од драјвери за уреди и компоненти на оперативниот систем до големи апликации. Конечно, штом ќе научите програмирање во C, имате одлична основа од која може да продолжите да се надградувате за програмирање во објектно-ориентираниот C++ програмски јазик.
Овој курс е наменет за сите средношколци, студенти и вработени кои имаат намера да го научат најпопуларниот програмски јазик на сите времиња. Курсот претставува вовед и влез во светот на програмирање со C.