Независно дали сте професионален графички дизајнер, специјалист за анимација или почетник, Autodesk Maya ќе ве воведе во индустриските стандарди на 3-димензионалното моделирање и анимација.
Maya e комплетно 3-димензионално решение за визуелни ефекти, креирање на високо квалитетни содржини за филм и телевизија, игри и комерцијални спотови, како и моќни алатки за визуелизација.
До крајот на курсот слушателот ќе:
- Работи во области во кои се применува 3D моделирање и анимација
- Разбира процеси во Maya
- Креира 3D модели со помош на различни техники
- Работи со материјали за да додели текстура на моделите
- Знае како да ја осветли сцената користејќи различни типови на осветлување
- Создава анимации
- Креира сцена, разбира кинематографија и ќе знае како да се креира финален производ кој ќе се користи во пост-продукција
- Биде подготвен да го полага испитот Autodesk Certified User, кој е вклучен во цената, и да се стекне со официјален Autodesk сертификат
Силни софтверски вештини за дизајн се одличен адут во академските и професионалните области. Учењето на врвните дизајнерски софтвери од Autodesk заедно со Autodesk User Certification им дава можност на слушателите да имаат огромна предност при постигнувањето успех во своето образование или кариера.
Сертификат за посета на курс издаден од Autodesk
Со положен испит се стекнувате со меѓународно признат сертификат – Autodesk User Certification за соодветна Autodesk апликација.
Autodesk Certified User