Голем јубилеј
Голем јубилеј за најголемиот центар за едукација во Македонија – Семос Едукација прославува 28 години постоење!
Неделава, Семос Едукација прославува 28 години од своето основање или скоро три децении низ кои е број 1 едукативен центар во Македонија и еден од лидерите во Југоисточна Европа.
Ретки се компаниите кои можат да се пофалат со постојан раст и развој низ три различни декади. Денес, 28 години по своето основање, Семос Едукација го живее својот сон, а тоа е лидерското место меѓу едукативните центри во Македонија, а и еден од најсилните едукативни центри во Југоисточна Европа. Низ бројки, ова значи повеќе од 135.000 задоволни студенти од Македонија, но и светот.
Разликата, препознаена од слушателите
Освен што е прв ИТ едукативен центар во државата и пионер на неформалното образование, низ текот на годините, Семос Едукација постојано го проширува своето портфолио, но и се грижи за подобрување на квалитетот на своите тренери и програми. Денес, бројот на вработени и предавачи е повеќе од 200, а бројот на обуки веќе е повеќе од 300 и тоа во 24 земји од светот. Токму квалитетот и широкото портфолио се она кое го издвојуваат брендот од останатите на пазарот. Сите курсеви, обуки и академии се изведуваат според светски признаени програми, а слушателите се стекнуваат со сертификати од најголемите светски брендови кои се важечки глобално.
Три години по ред меѓу најдобрите 2%
Годинава, Семос Едукација трет пат по ред ги исполни највисоките критериуми за бонитетни достигнувања и припаѓа меѓу најдобрите 500 компании во Македонија. Ова значи дека Семос Едукација е помеѓу најдобрите 2% од компаниите во Македонија според сите параметри за успешност, ликвидност и солвентност и со најдобри резултати од сите едукативни центри.
Провајдер на најголемите светски брендови
Уште од 1995 година и воспоставување на првото партнерство со Microsoft (во 1998 година), Семос Едукација низ текот на годините успеа да ги донесе најголемите светски ИТ брендови во Македонија: Cisco, Oracle, Java, EC-Council, WMware, AWS, ISTQB, CertNexus, Python Institute, Adobe, Autodesk, Unity, SimpliLearn… Постојаниот раст на компанијата се должи и поради фактот што сертификацијата по завршените обуки е меѓународно препознаена и признаена, па така слушателите, покрај знаењето, добиваат и отворени врати за градење на успешна интернационална кариера.
Кариерниот центар како гаранција за вработување
Голем дел од успехот на Семос Едукација се должи и на Кариерниот центар – оддел формиран уште во 2016 година, кој се грижи за креирање на кариерните трансформации на сите слушатели, ги отвора сите можности за вработување и ги поврзува успешните студенти со повеќе од 120 компании кои се талент партнери. Кариерниот центар полека прераснува во еден од најсигурните HR партнери на компаниите бидејќи ги препознава нивните потреби и го олеснува процесот на регрутација и селекција на кандидати.
Ако сакате да влезете во светот на најплатените професии или размислувате за промена на кариера, септември е вистинскиот момент да го сторите тоа, а Семос Едукација е вистинското место. Во моментов, отворени се уписите на сите Семос Академии, по чие завршување добивате шанса за сигурно вработување во најплатените индустрии.