Како брендот на работодавачот може да ви донесе поквалитетни профили на кандидати и да помогне во задржување на вработените во организацијата?
Дали сте професионалец за човечки ресурси кој сака да го подобри пристапот кон привлекување, ангажирање и задржување на врвни таленти? Овој динамичен курс е прецизно направен за лидери за човечки ресурси како вас кои се желни да ги совладаат уметноста и науката за брендирање на работодавачот, односно Employer Branding.
Вовед во Брендирање на работодавачот
Теоријата и концептот на брендирање на работодавачот
- Основни критериуми за имплементација на брендирање на работодавачот
- Од што се состои брендот на работодавачот:
- Еmployer Branding стратегии
- Брендот на работодавачот и пазарот на труд
- Активности за брендирање на работодавачот насочени кон вработените
- Employee Experience and Engagement
- Recruitment Marketing
- Метрики во Employer Branding
- Ревизија на брендот на работодавачот
Курсот е дизајниран за професионалци за човечки ресурси, специјалисти за регрутација, специјалисти во маркетинг и комуникации посветени на градење на брендот на работното место со цел да се привлечат најдобрите таленти.
Овој курс ќе ви ги даде основите на повеќе елементи на еден Employer Brand, меѓу кои:
- Основи на брендирањето на работодавачот: Основи на брендирањето на работодавачот, неговото влијание врз регрутирањето и разлика од корпоративното брендирање.
- Делови од кои е составен брендот на работодавачот: Основи за создавање моќна понуда вработените и кандидатите (преку креирање на EVP). Дефинирање на организациските вредности и спроведување ефективно истражување за брендирање на работодавачот.
- Стратегии и извршување: Развој на привлечна приказна за брендот на работодавачот, користејќи ја моќта на социјалните медиуми и маркетингот, како и имплементација на истите.
- Employee experience: Улогата на искуството на вработените во обликувањето на брендот на работодавачот.
- Маркетинг за регрутирање: Влијанието на брендирањето на работодавачот во маркетингот за регрутирање, оптимизација на описите на работните места и креирање на убедлива приказна.
- Метрики и следење: Клучни метрики за успех на брендирањето на работодавачот, аналитика и рамка за постојано подобрување.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација