Оваа ВЕТ-обука, Дата анализа за средношколци, претставува 100-часовна обука која ги воведува средношколците во областа на анализа на податоци. Во денешно време за оваа област секојдневно се отвораат работни места, со оглед на тоа што дигиталниот свет, во чија основа се податоците, е нераскинлив дел од деловните процеси. Учењето во обуката ги опфаќа најважните технички вештини кои се барани во оваа област (Excel, Python и SQL) и притоа слушателите на курсот се здобиваат со умешност за разбирање и презентирање на она што се содржи во податоците.


