Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Кариерниот центар на Семос Едукација станува интернационален

18 October, 2023

Кариерниот центар на Семос Едукација станува интернационален

 

Во Семос Едукација веруваме дека моќта на образованието може да ги премости границите и да ги отвори вратите за глобални можности. Во свет каде талентот не познава граници, Семос Едукација пробива нови терени со тоа што ги обедини двата Кариерни центри, во Македонија и Србија, создавајќи единствена, интернационална платформа и отворајќи нови хоризонти за студентите и за компаниите на овие простори.

Патувањето на Кариерниот Центар започна во 2016 година, а официјално започна со работа во 2020 и стекна доверба и признание од студентите и компаниите во двата региони.

 

Градење доверба и експертиза

Кариерниот центар на Семос Едукација брзо ја стекна довербата на студентите и компаниите, благодарение на посветеноста при препознавањето и развојот на талентите како и олеснувањето на процесот на нивното поврзување со компаниите. Она што започна како амбициозна иницијатива, еволуираше во динамична сила на пазарот на труд, нудејќи поддршка за студентите и служејќи како вреден ресурс за компаниите кои бараат квалификувани професионалци.

 

Единствен концепт на Балканот

Она што го издвојува нашиот Кариерен центар е неговиот сеопфатен пристап. Нудиме огромно портфолио на кандидати кои опфаќаат различни области, вклучувајќи ИТ, креативна индустрија, човечки ресурси и врвни професии од доменот на вештачката интелигенција. Горди сме што сме единствениот Кариерен центар на Балканот кој обезбедува сеопфатно решение – од развој на таленти до препораки за нашите студенти, практична работа на проекти и можности за брендинг за компаниите. Преку нашиот интернационален пристап и решенија, компаниите од Македонија и Србија ќе имаат можност за взаемна размена на таленти со што би се отвориле вратите на компаниите од двете земји за квалификуван кадар, бенефит од особена важност за компаниите кои промовираат remote работење.

 

Импресивите резултати говорат за успешната работа

Кариерниот центар веќе е добро познат бренд за слушателите во неформалното образование и компаниите кои црпат талентиран кадар од нашиот talent pool кој брои околу 10 000 членови. Успеавме да ја стекнеме довербата на 110 компании Талент Партнери, а само во последните две години од постоењето над 100 слушатели се вработиле со поддршка од Кариерниот центар, додека над 450 постигнале кариерен напредок.

 

Постојана грижа за напредокот на слушателите

Нашите слушатели се главен двигател на Кариерниот центар, а успешните приказни дополнителен поттик за уште поголем ентузијазам и ангажман околу кариерниот пат на секој слушател. Се стремиме да бидеме присутни во секоја етапа на процесот на едукација, преку постојан мониторинг на напредокот на слушателите, задавање на реални проекти од страна на нашите талент партнери и спроведување на обуки за меки вештини, изработка на CV и LinkedIn профил кои ќе ги надополнат техничките вештини на слушателите со што ќе се зголемат кариерните можности за слушателите, а компаниите ќе добијат комплетен квалификуван кадар.

 

Создавање мрежа на извонредност

Нашата крајна цел е да создадеме огромна мрежа на компании и таленти, поттикнувајќи лојалност и соработка и да бидеме сигурни партнери на кои компаниите можат да се потпрат во нивната потрага по висококвалитетни, обучени професионалци. Истовремено, се стремиме да ги поддржиме нашите студенти, поврзувајќи ги со реномирани компании и во Македонија и во Србија. Тоа е доказ за посветеноста на Семос Едукација во процесот на создавање извонредност и иновативност во образованието како и ефикасните решенија за вработување и пракса на нашите слушатели.

Доколку сте компанија во потрага по квалификуван кадар од IT, HR и креативната индустрија, контактирајте нè, станете наш Талент Партнер и ќе имате можност активно да бидете вклучени во процесот на едукација на идните IT/HR/креативни професионалци.