Semos Education Semos Education
  • Понеделник-Петок 9:00 - 22:00
  • Јави ни се +389 2 3130 900
    +389 75 310 910
  • Пиши ни kursevi@semos.com.mk
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Успешна приказна – Цане Манасков

18 October, 2023

Успешна приказна – Цане Манасков

 

Кажи ни нешто за себе

Јас сум Цане Манасков, имам 28 години и моментално работам како Јunior Графички Дизајнер во in-house маркетинг тимот на Зегин. Од секогаш сум имал огромен интерес за применети уметности, доста сум креативен и сакам да размислувам out-of-the-box па беше сосема очекувано кога одлучив да се запишам на Академијата за Графички Дизајн на СЕМОС Едукација.

 

Како одлучи да се запишеш на Академијата за графички дизајн во Семос Едукација?

Искрено долго време аматерски го следев графичкиот дизајн и за мене беше некоја далечна опција се додека не одлучив сериозно да се позанимавам со таа идеја. При целиот тој процес разгледав повеќе опции и дојдов до заклучок дека само во Семос ќе добијам вистинско знаење/вештини/припрема а не само некоја диплома од курс (што ми беше многу важно). Меѓудругото и самата сертификација што ја нуди Семос Едукација има тежина, па одлуката ми беше доста олесната.

 

Опиши го твоето искуство на академијата и што најмногу ти се допадна во неа

Јас имав доста позитивно искуство и сега ми недостасуваат тие денови поминати во возбуда поради проекти, deadlines или некоја презентација. Нешто што најмногу ми се допадна беше колективниот ентузијазам на професорите и студентите и креативната слобода која ни беше дадена. На моменти беше доста тешко (но слатко тешко) мислам дека баш поради тоа јас и останатите колеги пораснавме многу (како дизајнери) во рок од 1 година.

 

Што е тоа што го научи на академијата и денес можеш да го применуваш?

Секако освен алатките и програмите за работа, како нешто најбитно се запознав со целиот креативен процес и сите останати вештини кои се дел од една креативна работа. Научив да визуелизирам, да пронаоѓам креативни решенија за графички проблеми и да развивам идеи кои подоцна ги преточувам во одбран медиум.

 

Кои се твоите идни кариерни очекувања кои би сакал да ги споделиш со нас?

Во иднина моите очекувања се континуирано да растам и да еволуирам како дизајнер и константно да ги надградувам своите вештини. Има доста пат пред мене, но кога би бирал, би сакал да работам на големи проекти, имиџ кампањи, креирање визуелни идентитети и/или илустрација. Сите овие бараат многу посветеност и работа но мислам дека упорноста кај мене е изразена карактеристика, па ги сметам за достижни.

 

Што е тоа што би им го препорачал на луѓето кои се размислуваат за упис на некоја од Академиите во Семос Едукација?

Сите оние кои размислуваат да се запишат на една од Академиите во Семос Едукација би им кажал дека доколку се спремни за сериозна работа и посветеност, Семос нуди ментори кои се подготвени да го извлечат максимумот од вас, да ве насочат, поддржат и опремат со знаење, да споделат искуства и да ве охрабрат. Доколку сте спремни да дадете 100% и да добиете многу многу повеќе, не се двоумете.