Семос детскиот едукативен центар си ја бара својата маскота со име и лик!
Повеќе од 10.000 деца, 28 години постоење, програми кои ги подготвуваат најмладите за дигиталната ера се само дел од успесите на најголемиот едукативен центар во Македонија и регионот, Семос Едукација. Оваа приказна ја заокружуваме со интересен предизвик за децата (7 до 17 години) од цела Македонија, а тоа е креирање на маскота со име и лик кој ќе го претставува Детскиот Едукативен Центар.
Истакни ја твојата креативна страна!
За да бидеш дел од натпреварот, треба да:
- Си дете на возраст од 7 до 17 години
- Ја креираш својата идеја во вид на рачен цртеж или дигитална креација со користење на алатки како Photoshop, Illustrator и сл.
- Ја испратиш твојата оригинална идеја на следниот линк до 22.11.2023
Што да очекуваш?
- Доколку си во најкреативните 10 учесници, очекувај го нашиот повик и покана во просториите на Семос Едукација, каде ќе имаш можност да ни ја претставиш својата оригинална идеја.
- Најдобрата идеја за ликот на Семос детскиот едукативен центар ќе биде прогласена истиот ден.
Награда за секој учесник во натпреварот:
Бесплатна креативна работилница за усовршување на Adobe алатките.
(Photoshop, Illustrator) по завршување на натпреварот.
Награда за победникот:
Стипендија од Семос детски едукативен центар во вредност од 16.000 мкд за пакет курсеви за јуниори!
Ти посакуваме среќа и ја очекуваме твојата оригинална идеја!