Semos Education Semos Education
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Tech Talks ги поврза младите со лидерите од сајбер безбедноста

24 September, 2026

Tech Talks ги поврза младите со лидерите од сајбер безбедноста

Првото издание на Tech Talks, во организација на Семос Едукација, успешно ги собра на едно место младите, идните и сегашни ИТ професионалци и експертите кои секојдневно ја обликуваат технолошката индустрија.

Настанот беше посветен на една од најактуелните и најбараните области денес, сајбер безбедноста, а посетителите имаа можност од прва рака да слушнат искуства, предизвици и совети од докажани професионалци од индустријата. Свои согледувања споделија Драган Шахпаски, CTO во Сорсих, Јане Мирчески, Генарален директор во Тесса Сец, Ивица Ѓорѓевски, ISO во Стопанска Банка, Марјан Стоилковски, Директор за ИТ безбедност во НЛБ Банка и Димитар Богатинов, инструктор за EC-Council програми во Семос Едукација и редовен професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Особено ни беше драго што на настанот присуствуваа претставници на Junior Achievement Македонија и Импетус – Центар за интернет, развој и добро управување, како и голем број средношколци од СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, СУГС „Михајло Пупин“, СУГС „Јосип Броз Тито“, Математичко-информатичка гимназија Скопје, Yahya Kemal College и American High School, кои со голем интерес се вклучија во дискусијата и одблиску се запознаа со можностите, предизвиците и перспективите што ги нудат професиите на иднината.

Преку отворен разговор и реални примери од пракса, учесниците имаа можност да дознаат како изгледа кариера во сајбер безбедноста, кои вештини се потребни за успех, кои се најчестите предизвици со кои се соочуваат професионалците и какви можности нуди оваа динамична индустрија. Покрај средношколци и студенти, настанот привлече и професионалци кои размислуваат за кариерна промена, надградба на своите вештини или нов почеток во ИТ секторот.

Со Tech Talks, Семос Едукација започнува серијал на настани чија цел е да ги доближи професиите на иднината до младите и сите заинтересирани за технолошката индустрија. Преку директни средби со врвни експерти, технолошки лидери и практичари од индустријата, учесниците ќе имаат можност да добијат реална слика за современите професии, да ги препознаат можностите што ги нуди пазарот на труд и да го искористат својот потенцијал за градење успешна кариера.