Интензивен курс за детално запознавање со работењето на социјалните медиуми. Наменет за лица кои сакаат да го извлечат максумумот од социјалните медиуми кога станува збор за маркетинг и промоција.
Овој курс е дизајниран да ве запознае со основните на менаџирање на социјални медиуми, со техники за стратегиско користење на социјалните медиуми, користење на социјалните медиуми како канал за платена промоција и стратегиски соработки за зголемување на видливоста на брендот.
Интензивен курс – Менаџмент на социјални медиуми
- Вовед и запознавање со основите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn, Tik Tok & X)
- Запознавање со стратегии за комуникација на социјални медиуми и креирање на стратегија за комуникација на социјални медиуми.
- Поставување на цели и тактики за мерење на резултатит и успешноста на кампањите на социјалните медиуми.
- Видови на содржина и такики за креирање на интерактивна содржина за секој канал посебно.
- Запознавање со Business алатки-те за менаџмент за содржина на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn, Tik Tok)
- Вовед во рекламирање на социјалните медиуми (фокус на Facebook, Instagram и LinkedIn)
- Стратегиски соработки и соработки со инфлуенсери на социјалните медиуми.
Интензивниот курс е наменет за професионалци во сверата на менаџмент и маркетинг кои сакаат да се надоградат и да се здобијат со напредно знаење за менаџирање на бизнис профил на социјалните медиуми.
Овој курс ќе ви даде напредно знање за менаџирање на социјалните медиуми, меѓу кои:
- Основи на социјалните медиуми: запознавање со 4 различни социјални медиуми и алоцирање на придобивки и можности за промоција на брендот.
- Стратегиско размислување за позиционирање на социјалните медиуми: како најдобро да го позиционирате брендоти на социјалните медиуми и кој тип на содржина е најдобар за вашиот бренд.
- Ефективна комуникација со потрошувачите и придобивање на потенцијалните потрошувачи: креирање на соодветна соджина која ќе ги активира вашите потрошувачи да направат одредена активност (дали онлајн или офлајн)
- Стратегиски соработки со влијателни личности (инфлуенсери): како да го одберете соодветниот инфлуенсер, што да биде соработката и како да ја измерите ефективноста.
- Целосно разбирање како функционираат социјалните медиуми за бизниси: ќе добиете целосна слика како вашиот бренд да биде соодветно позициониран на социјалните медиуми и кои се реалните придобивки.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација