Овој курс е дизајниран да им помогне на учесниците да ја разберат и применат вештачката интелигенција (AI) во своето секојдневно работење во финансискиот сектор. Курсот опфаќа теоретски основи, практични вештини и алати што се користат за внесување и обработка на финансиски податоци, анализа на финансиски документи, буџетирање, финансиско предвидување, проверка на усогласеност со финансиски стандарди и интерни политики, донесување на одлуки, визуелизација и презентација на финансиски податоци.
Сите модули на курсот се фокусирани на практична работа, со цел учесниците веднаш да можат да ги применат AI алатките во своето секојдневно работење.
Модул 1: Употреба на AI алатки во финансии
Овој модул ги воведува учесниците во основите на вештачката интелигенција и нејзината примена во финансискиот сектор. Ќе се разгледа улогата и значењето на AI во модерните финансиски процеси, како и нејзините апликации, потенцијалните ризици, предизвици и регулативи. Дополнително, учесниците ќе научат како да креираат ефективни промптови за комуникација со AI алатки, што е основа за нивна успешна употреба.
Модул 2: Ефикасна употреба на Copilot и ChatGPT во финансиска евиденција и верификација
Во овој модул, учесниците ќе стекнат практични вештини за управување со финансиски податоци и следење на усогласеност на интерни постапки со финансиски документи преку Copilot и ChatGPT. Ќе се демонстрира како AI може да помогне во проверка и валидација на финансиски податоци содржани во завршна сметка (биланс на успех, биланс на состојба, фискални сметки, фактури итн.), со цел зголемување на точноста и ефикасноста во секојдневното работење.
Модул 3: Анализа, предвидување и стратешко одлучување со Copilot и ChatGPT
Овој модул е посветен на користење на AI алатки за деловна анализа и донесување стратешки финансиски одлуки. Учесниците ќе научат како да дефинираат и пресметуваат клучни KPI (ефикасност, ефективност, оптовареност), да вршат анализа на клучни финансиски документи (филанс на успех, биланс на состојба, бруто биланс, анализа на искористеност на човечки ресурси (billability)), да следат буџет и продуктивност, како и да креираат професионални извештаи и табели во Excel и PowerPoint.
Модул 4: AI агенти во Copilot
Завршниот модул се фокусира на AI агентите и нивната примена во бизнис средина. Ќе се објасни како функционираат AI агентите, како придонесуваат за зголемување на ефикасноста и продуктивноста, и ќе се истражи нивното трансформативно влијание врз современите бизнис процеси. Учесниците ќе добијат увид во практично креирање агенти преку Copilot Studio.