На овој курс ќе научите како да биде поддршка и на менаџментот и на вработените, согласно важечките закони и со целосна примена на легислативата од областа на работното право. Ќе разберете како да бидете линк, посредник, помеѓу нив на начин на кој и двете страни ќе бидат задоволни и безбедни. Ќе ги разберате подобро одредбите од законот за работни односи, ќе научите да препознавате и спречите мобинг, и што значи психолошко вознемирување на работното место во светлото на законот. Детална разработка на сите видови откази согласно ЗРО, од аспект на дозволеност и недозволивост на отказ. Ќе научите како да постапите во случај на работен спор и да избегнете или намалите трошоци за судска постапка. Ќе се запознаете со постапката согласно Законот за вонсудско, мирно решавање на работни спорови.
• Закон за работни односи и Колективни договори
• Teleworking
• Откажување на договор за вработување
• Посебна заштита на работници согласно ЗРО
• Изработка на интерни акти усогласени со законите
• Спречување судски постапки за работни спорови
• Постапката за мирно решавање на работни спорови
• Што е мобинг?
Овој курс е наменет за HR професионалците односно за оние кои работат во HR оддел или пак сакаат да ја градат кариерата во таа насока. Сите оние кои своето знаење во HR сакаат да го надоградат и подобрат во насока на почитување на законските регулативи, законско работење на компанијата и грижата за вработените.
Одделот за човечки ресурси во компанија која гради корпоративна култура посветена на општестввена одговорност со цел да биде препознаена како Бренд работодавач, мора да ја применува законската регулатива во спрега со одредбите од колективните договори. Освен што општествено одговорните компании се посакуван работодавач и полесно доаѓаат до талентираните и квалитетни кандидати за вработување, почитувајќи ги работничките права и унапредувајќи ги човековите права, тие ги минимализираат можностите да се доведат во неповолна ситуација. Оваа одговорна задача е должнист што им припаѓа на секторите за човечки ресурси, така што со познавање на законските норми и акти ќе продонесете за креирање на култура на успешна компанија со среќни вработени. Ќе стекнете вештини за создавање здрава работна средина со јасно поставени правила со чие почутување ќе обезбедите сигурни и безбедни работни места и поголема продуктивност. Ќе знаете да се справите со предизвиците врзани за работните процеси на компанијата и вработените и да ја минимизирате појавата на конфликти. Целта на обуката е расчистување на сите ваши недоумици во врска со работните односи.
Сертификат за завршена обука од Цертиадриа ДОО