Курсот Напреден C++ e продолжение на курсот Основи на C++ и е наменет за ученици кои сакаат подлабоко да навлезат во објектно-ориентирано програмирање (OOP) и други функционалности на C++ програмскиот јазик.
На курсот слушателите ќе се запознаат со суштината на објектно-ориентираното програмирање и ќе научат како да моделираат објекти со нивните карактеристики и истите да ги претстават во програмски јазик.