Овој курс е наменет за менаџери, лидери и професионалци кои сакаат да разберат како да ја применат вештачката интелигенција (AI) во своите компании на стратегиски, одговорен и одржлив начин. Ќе добиете практични насоки и ресурси како да планирате, воведете и проширите AI иницијативи во вашата организација.
Овој курс е одличен прв чекор за сите кои сакаат да го разберат потенцијалот на AI и да почнат со негово користење во секојдневните деловни активности.
Содржина на курсот:
Модул 1: Користење на AI алатки и ресурси во бизнисот
Ќе научите што претставува вештачката интелигенција, кои технологии ја движат и како Microsoft вградува AI во своите производи и услуги што можат да се користат во компаниите.
Модул 2: Креирање бизнис вредност преку AI
Ќе добиете алатки и пристап за дефинирање на AI стратегија и поттикнување на „AI-култура“ во вашата компанија – култура на иновација, отвореност и прифаќање на нови технологии.
Модул 3: Одговорна употреба на AI
Ќе научите како да имплементирате AI на етички и одговорен начин – преку принципи, управување и процедури, со примери од Microsoft, а и совети како да изградите свои интерни практики.
Модул 4: Проширување и скалирање на AI во организацијата
Ќе дознаете како да ја проширите примената на AI низ различни оддели, како да распределите одговорности и како да ги оспособите вашите тимови самостојно да користат AI алатки.
За кого е наменет курсот?
За менаџери, тим лидери, координатори на проекти, директори и сите оние кои имаат влијание врз стратегии и развој на компании од различни индустрии – финансии, ИТ, продажба, маркетинг, производство, образование, здравство, логистика и други.
Предзнаења:
- Основно разбирање на IT концепти
- Основно разбирање на бизнис процеси