Програмскиот јазик C++ е јазик кој овозможува креирање на брзи и моќни програми и целосно го поддржува објектно-ориентираното програмирање.
На курсот слушателите ќе се запознаат со суштината на објектно-ориентираното програмирање и ќе научат како да моделираат објекти со нивните карактеристики и истите да ги претстават во програмски јазик.
Овој курс е наменет за сите средношколци, студенти и вработени кои сакаат да го научат јазикот кој преставува основа на модерните програмски јазици (C# и Java). Курсот претставува вовед и навлегување во светот на програмирање со C++.