Minecraft Coding with Python е иновативен курс кој ги воведува децата во програмскиот јазик Python преку игра. Овој образовен принцип им овозможува на децата да учат преку платформата Minecraft Education Edition и идеите, преку акции да ги преточат во код.
Програмата на овој курс е креирана како на забавен и интерактивен начин децата да влезат во светот на кодирањето и да создаваат игри. Децата креативноста ја искажуваат секојдневно, а преку овој курс ќе научат не само да кодираат туку и како да го насочат своето размислување за решавање проблеми. Решавањето проблеми е една од главните задачи во Minecraft, децата ја поттикнуваат креативноста, тимскиот дух, логичкото размислување и најважно од се си ја зголемуваат самодовербата со секој исполнет предизвик. Ќе научат како да се движат во виртуелен простор со помош на агентот (главниот лик кој ги води низ играта) кој може да го испрограмираат да гради светови и да решава проблеми. Курсот е одличен за секое дете кое чекори кон светот на програмирањето. Доколку вашето дете игра Minecraft или едноставно е љубопитно и сака да учи на забавен начин, овој курс е токму за вас!
-
Понеделник-Петок 9:00 - 22:00 -
-