Презентацијата изработена во PowerPoint претставува моќно средство со кое се привлекува вниманието на оние на кои им е наменета. Со комбинација на текстови, табели, фотографии, графикони, анимации, звучни и видео записи се добива една осмислена целина. Со таква целина прецизно се пренесуваат информациите и идеите, со многукратен засилен ефект и притоа тие стануваат попривлечни и презентабилни.
Истражувањата покажуваат дека мозокот ги конзумира и разбира сликите (визуелите) поефикасно отколку само зборовите. Кога PowerPont правилно се користи како визуелен медиум ѝ овозможува на публиката подобро да ги запомни идеите и пораките. Како визуелен медиум тој е совршено средство за комуникација на сотаноци.
PowerPoint е омилен во светот и кај студентите и кај професионалците, благодарение на неговиот лесен за користење интерфејс и обемните опции за прилагодување. Се користи за презентирање на бизнис идеи и планови врз база на анализи, како и постигнати резултати. Визуелното презентирање на податоците го олеснува учењето, но и го прави забавно и поедноставно во едукативните институции. PowerPoint на презентаерите им овозможува да ги преведат сложените идеи, факти или бројки во разбирливи визуелни елементи, без потреба од дополнително објаснување.
По завршувањето на курсот слушателот ќе:
- Креира и уредува успешна презентација за кратко време
- Употребува и комбинира текстови, слики, видеа и звук во презентација
- Изработува јасни дијаграми, шеми, табели и графикони
- Уредува презентација со презентациски ефекти
- Изработува сопствени Tamplate-и со Slide Master
- Креира разновидни и компатибилни File-ови
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација
Со положен испит се стекнувате со меѓународно признат сертификат – Microsoft Office Specialist за соодветна Micrososft Office апликација.
Сертификат: MOS PowerPoint
Сертификатот Microsoft Office Specialist (MOS) е еден од најполаганите водечки ИТ сертификати во светот. Сертификатот е прифатен на глобално ниво кој претставува квалификација базирана на стандардите за оценување на знаење и вештини за продуктивно користење на Microsoft Office Power Point.