Здружението на информатичари на Македонија секоја година организира натпревари по информатика за учениците од основните и средните училишта во земјата.
Со цел постигнување на подобри резултати и поуспешни ученици на натпреварите, Семос Едукација организира обука за подготовка за натпреварите, по програма изработена од Здружението на Информатичари на Македонија.
Натпреварите се стремат да ги опфатат сите ученици од основното и средното образование кои се стекнале со познавања од програмирање. Програмирањето се изведува во програмскиот јазик C++.