Python е еден од најпопуларните и најбарани програмски јазици во светот. Го користат компании како Google, Facebook, Netflix, PayPal и Dropbox за веб апликации, анализа на податоци, вештачка интелигенција, автоматизација и многу повеќе.
Овој курс е идеален за почетници кои сакаат да направат прв чекор во светот на програмирањето. Преку практични примери и вежби, учесниците ќе ги совладаат основите на Python и ќе научат како да пишуваат едноставни, но функционални програми.
● Што е Python и зошто е толку популарен
● Основна синтакса и структурирање на код
● Податочни типови и основни операции
● Влез и излез на податоци
● Логички изрази и контрола на тек (if/else)
● Циклуси (for и while)
● Креирање и користење на функции
● Работа со датотеки и папки
● Справување со грешки (error handling)
● Вградени модули и креирање сопствени
Овој курс е наменет за секој што сака да направи прв чекор во програмирањето – без разлика дали сте целосен почетник, студент или некој што сака да ја промени својата кариера и да премине во IT.
Python е еден од најбараните програмски јазици во светот и се користи во различни области:
● развој на веб апликации и игри
● анализа на податоци и визуелизација
● автоматизација и скриптирање
● вештачка интелигенција и машинско учење
Го користат водечки компании како Google, Netflix, PayPal, Dropbox, како и илјадници стартапи ширум светот.
Со совладување на основите, ќе имате цврста основа за понатамошен развој во Data Science, AI, Machine Learning, Web Development и многу други современи технологии.
Овој курс е наменет за:
● Почетници кои сакаат да ја научат својата прва програма
● Секој што сака да изработува сопствени апликации или алатки
● Лица кои планираат промена на кариера и сакаат да започнат во IT
● Ученици и студенти кои сакаат солидна основа во програмирање
До крајот на курсот, слушателите ќе знаат да:
● Работат во Python околина
● Креираат програми со користење на различни типови на податоци
● Контролираат програми со услови и циклуси
● Манипулираат со датотеки и фолдери
● Се справуваат со грешки во кодот
● Користат модули и библиотеки
● Пишуваат чист, структуриран и лесно одржлив код
Покрај тоа, курсот е прилагоден за подготовка за PCEP-30-02 (Certiffied Entry-Level Python Programmer Certiffication), бидејќи Семос Едукација е авторизирана OpenEDG Python Institute академија.
Со овој курс ќе ја изградите цврстата основа потребна за понатамошно изучување на напредни технологии како: data science, вештачка интелигенција, машинско учење и веб програмирање.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација
Со положен испит се стекнувате со меѓународно признат сертификат – PCEP
(Certified Entry-Level Python Programmer Certification)