Курсот за Python на напредно ниво продолжува таму каде што основниот застана. Во овој курс фокусот е на објектно ориентираниот дел од Python јазикот и навлегува подетално во темите кои претходно беа покриени.
Слушателите ќе имаат можност да ги научат најдобрите Python практики, подобра организација на проекти, пишување на автоматизирани тестови, работење со повеќе нишки и ќе се запознаат со веб програмирање со Django.
Со Python – II ниво слушателите ќе се здобијат со знаење кое ќе им помогне подобро да разбираат код напишан во Python и ќе се стекнат со вештини за решавање на покомплексни проблеми, самостојно или пак како дел од тим.
До крајот на курсот слушателот ќе:
- Ги познава најдобри Python практики
- Пишува автоматизирани тестови
- Може да разбира покомплексни Python функционалности
- Работи со податочни структури во Python
- Имплементира надворешни модули за чување на податоци и структури на податоци
- Биде подготвен да го полага PCAP-31-03 (Certified Associate in Python Programming Certification) испитот на Python Institute
Програмата за овој курс е прилагодена да ги подготви слушателите за полагање на PCAP-31-03 испитот, бидејќи Семос Едукација е авторизирана OpenEDG Python Institute академија.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација
Со положен испит се стекнувате со меѓународно признат сертификат – PCAP
(Certified Associate in Python Programming)