AI обуки за млади претприемачи во Вештачка интелигенција

Повик за апликација
За учество на обуки за вештачка интелигенција за млади претприемачи
ПОДДРЖАНА ОД ЕВРОПСКА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ (ЕБОР)
СЕМОС Едукација, во рамките на проектот „Зајакнување на вештините на младите претприемачи со Вештачка интелигенција“ (Enhancing Skills of Young Entrepreneurs through Artificial Intelligence), финансиски поддржан од програмата на ЕБОР, отвора повик за апликации.
Целта на програмата е да им овозможи на младите претприемачи практични и флексибилни знаења за примена на AI алатки во деловното работење и да ја поттикне нивната конкурентност и иновативност.
ПОВИК
Се повикуваат мали и средни претпријатија да се пријават за учество на обука поврзана со примена на вештачка интелигенција (АИ) во бизнисот.
Повикот е наменет за:
Млади лица до 35 години кои се сопственици и/или управители на мали или средни претпријатија кои активно работат минимум 1 година.
ШТО ДОБИВАТЕ СО ОВАА ПРОГРАМА?
1. Microsoft Copilot – користење на AI за продуктивност, анализа на податоци, комуникација и креирање документи. | 6 часа
Обуката е практично ориентирана и им овозможува на учесниците директно да работат со Microsoft Copilot во апликациите од Microsoft 365. Преку реални примери и вежби, ќе учат како да:
- • Креираат и уредуваат документи во Word со помош на AI (генерирање текст, сумирање, ревизија).
- • Автоматски составуваат и одговараат на е-пошта во Outlook, со соодветен тон и структура.
- • Анализираат податоци, креираат формули и визуализации во Excel, без потреба од напредно техничко знаење.
- • Генерираат презентации во PowerPoint од текст или табели.
- • Користат Teams за ефикасно водење состаноци, белешки и задачи.
- • Работат со Copilot Chat како дигитален асистент за пребарување документи, пишување пораки и решавање задачи
Времетраење: 6 часа
2. ChatGPT и AI алатки – обука за истражување на пазар, подобрување на продажба и маркетинг, креирање содржини, визуелизации и стратегии за развој.
Обуката нуди практична примена на ChatGPT и други AI алатки за автоматизација на задачи, креирање маркетинг содржини, анализа на комуникација со клиенти и истражување на пазарот. Учесниците ќе научат како да користат генеративна интелигенција за подобрување на продажбата, развој на производи и визуелна презентација преку алатки како Sora, со цел да креираат стратегии за раст и позиционирање на пазарот.
Времетраење: 6 часа
Избор помеѓу една од следниве работилници:
3. Финансии и AI – читање и анализа на финансиски документи, носење одлуки базирани на податоци.
Оваа тематска работилница им овозможува на учесниците да стекнат практични вештини за користење на ChatGPT и други AI алатки во финансиската анализа и деловното планирање. Преку реални примери и симулации, учесниците ќе научат како да ги читаат и сумираат финансиските документи, да препознаваат трендови и аномалии, и да добиваат препораки за оптимизација на трошоци, цени и инвестиции. AI се користи како интелигентен асистент кој го забрзува процесот на анализа, овозможува подобро разбирање на податоците и поддржува побрзо и поинформирано донесување одлуки. Работилницата вклучува групна симулација со работа на случај, каде учесниците ќе применат AI за да изработат стратегиска презентација базирана на финансиски податоци. Целта е да се развијат директно применливи техники и алатки кои ќе ја зголемат продуктивноста и ефикасноста во секојдневното работење.
Времетраење: 6 часа
ИЛИ
4. Маркетинг и социјални мрежи со AI – стратегија, креирање содржини, визуелен идентитет, органски и платени кампањи.
Оваа тематска работилница е наменета за учесници кои сакаат да ја засилат својата онлајн присутност и продажба преку паметна употреба на AI алатки. Преку практична работа со ChatGPT и други визуелни AI алатки (Canva AI, Microsoft Designer, Adobe Express), учесниците ќе научат како да креираат маркетинг стратегии, содржини и кампањи кои привлекуваат внимание и водат кон конверзии. Ќе се работи на оптимизација на профили на Instagram, Facebook, TikTok и LinkedIn, креирање визуелно привлечни објави, и развој на органски и платени кампањи преку Meta Ads. Посебен акцент е ставен на користење на AI за креирање приказни кои продаваат, без потреба од голем буџет. На крајот, учесниците ќе имаат развиена персонализирана AI-стратегија за продажба, оптимизирани профили и конкретни алатки за секојдневна примена во дигиталниот маркетинг.
Времетраење: 6 часа
5. Менторство (индивидуални, online, 2 часа)
- • Персонализирана поддршка за примена на AI решенија во компанијата.
- • Развивање мини план за дигитална трансформација, конкретни алатки и содржини.
6. Networking настан – кој ќе вклучи презентација на финални проекти, размена на искуства и можност за вмрежување со експерти од различни индустрии.
👉 Пополнете ја формата за апликација тука:
Финансиска партиципација:
- • Секој учесник ќе има партиципација од 50 евра
Критериуми за пријавување на компаниите:
- • Компанијата треба да биде активна минимум една година.
- • Компанијата треба да има сопственик и/или управител кој е на возраст до 35 години.
- • Управителот мора да биде наведен во тековната состојба на компанијата.
Начин на пријавување:
- • Пријавувањето се врши по електронска пошта на:
📧 nikolina.stojanovska@semos.com.mk - • Потребни документи:
- 1. Тековна состојба на компанијата
- 2. Кус опис на компанијата
Процес на селекција:
- • Ќе бидат избрани 20 компании кои ги исполнуваат сите критериуми.
- • Избраните компании ќе треба да номинираат еден кандидат за учество на обуката.
Рок за пријавување:
- • Компаниите треба да ги достават сите документи во рок од 10 дена од објавувањето на повикот.
📅 Крајниот рок за пријавување е: 17октомври 2025
Дополнителни информации:
- • Компании кои нема да достават комплетна и соодветна документација ќе бидат автоматски елиминирани.
- • Ќе биде формирана листа на чекање од 10 компании кои ги исполнуваат критериумите, но не се избрани во првиот круг.
Во случај на откажувања, компаниите од листата на чекање ќе бидат контактирани и може да им бидат побарани дополнителни информации.
Не ја пропуштајте можноста!
Научете како AI може да го трансформира вашиот бизнис