Semos Education Semos Education
EN / МК / RS
Кошничка
резервирај место

Доделени сертификати на 19-та генерација на Академијата за човечки ресурси

9 October, 2026

Доделени сертификати на 19-та генерација на Академијата за човечки ресурси

Со доделувањето на сертификати на 19-та генерација слушатели, Академијата за човечки ресурси уште еднаш ја потврди својата улога во едукацијата и развојот на кадри од областа на човечките ресурси, градејќи заедница на HR професионалци веќе 19 генерации.

Академијата за човечки ресурси е акредитирана од Министерството за образование и наука за реализација на програмата „Управување и развој на човечки капитал“ и веќе години наназад претставува една од најпрепознатливите образовни програми за професионален развој во областа на човечките ресурси.

Преку практична настава, работа на реални студии на случај и менторска поддршка од искусни HR експерти, учесниците стекнуваат знаења и вештини од регрутација и селекција, управување со перформанси, развој на таленти, мотивација и задржување на вработени, како и примена на современи AI алатки во HR процесите.

Во изминатите 19 генерации, Академијата изгради силна заедница на HR професионалци кои денес успешно ги применуваат своите знаења во компании од различни индустрии. Дополнително, слушателите стануваат дел од алумни заедница со повеќе од 700 учесници и добиваат континуирана менторска и кариерна поддршка и по завршувањето на програмата.

Им честитаме на сите дипломци за успешно завршената програма и им посакуваме многу успех во нивниот понатамошен професионален развој. 🎓