-
Понеделник-Петок 9:00 - 22:00 -
-
Со доделувањето на дипломите на првата генерација слушатели 2025/2026, Академијата за управување со проекти и лидерство успешно го заокружи својот прв образовен циклус и го одбележа почетокот на нова заедница на професионалци подготвени за успешно водење проекти и тимови. Преку практична настава, работа на реални сценарија и менторство од искусни професионалци, учесниците стекнаа знаења и вештини за успешно планирање, реализација и водење на проекти и тимови. Во текот на програмата, слушателите работеа на развој на компетенции од областа на проектниот менаџмент, лидерството, деловната анализа, агилните методологии и примената на современи AI алатки во деловното работење, стекнувајќи практично искуство усогласено со актуелните потреби на пазарот. Им честитаме на сите дипломци за успешно завршената програма и им посакуваме многу успех во нивниот понатамошен професионален развој. 🎓
Прочитај повеќе
Со доделувањето на сертификати на 19-та генерација слушатели, Академијата за човечки ресурси уште еднаш ја потврди својата улога во едукацијата и развојот на кадри од областа на човечките ресурси, градејќи заедница на HR професионалци веќе 19 генерации.
Прочитај повеќе
Семос Едукација и Junior Achievement Macedonia потпишаа Меморандум за соработка со цел заеднички да придонесат кон развојот на младите преку образовни активности, настани и проекти од заеднички интерес.
Прочитај повеќе
Тимот на Семос Едукација беше дел од овогодинешниот Октоберфест, организиран од Македонско-германската стопанска комора (Deutsch-Mazedonische Wirtschaftsvereinigung), кој традиционално ги обединува претставниците на бизнис заедницата, партнерите и пријателите на германско-македонскиот екосистем.
Прочитај повеќе
Првото издание на Tech Talks, во организација на Семос Едукација, успешно ги собра на едно место младите, идните и сегашни ИТ професионалци и експертите кои секојдневно ја обликуваат технолошката индустрија.
Прочитај повеќе
На 17 септември во Семос Едукација се одржа Денот на запознавање со новата генерација студенти на Академијата за графички дизајн 2026/27.
Прочитај повеќе
На настанот учествуваа претставници од над 20 граѓански организации и средни училишта, кои преку отворен дијалог, размена на искуства и вмрежување разговараа за предизвиците и можностите што ги носи современиот глобален контекст.
Прочитај повеќе
Кога ќе слушнеме „сајбер безбедност“, најчесто помислуваме на хакери, заштита на податоци и сложени технолошки системи. Но зад секој безбедносен систем стојат луѓе кои секојдневно носат важни одлуки, спречуваат ризици и ги штитат организациите од сè пософистицирани закани.
Прочитај повеќе