Процесот на форензичка истрага на компјутерско хакирање претставува детектирање на хакерски напади и прописно добивање на докази за пријава на криминалното дело и спроведување на анализи за спречување на понатамошни напади.
Компјутерската форензика е примена на техники за компјутерска истрага и анализа во интерес на добивање потенцијални правни докази. Доказите можат да бидат добиени од широка палета на компјутерски криминал или злоупотреба, кражба или трговија со тајни материјали, кражба или уништување на интелектуална сопственост како и измама.
Луѓето кои се Computer Hacking Forensic Investigator (CHFI) располагаат со широка палета на методи за откривање на податоци кои постојата на компјутерските системи, како и реставрирање на избришани, енкриптирани или оштетени информации од датотеки.
Обезбедувањето и анализирањето на електронски докази е централна тема во се поголемиот број на конфликтни ситуации и криминални случаи.
Овој курс е наменет за полиција и останати лица за спроведување на законот, лица од воениот персонал, владини агенции и институции, професионалци за безбедност во е-бизнис, систем администратори, IT менаџери.
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација