Програмата на EC-Council за Certified Penetration Testing Professional (CPENT) ве учи како да извршите ефективни пенетрациски тестови во корпоративна мрежна околина што треба да биде нападната, искористена и одбранета.
Ако сте работеле само со едноставни мрежи, со помош на практичните вежби во живо од курсот CPENT, вашите вештини ќе ги подигнете на повисоко ниво и ќе научите како да ги тестирате IoT системите, OT системите, како да пишувате ваши скрипти или програми за искористување на слабостите на системот, да креирате ваши алатки, да извршувате напредна експлоатација на бинарни датотеки, да извршите таканаречен double pivot за да пристапите до скриени мрежи и исто така да приспособувате скрипти/програми за искористување за да навлезете и во внатрешните сегменти на мрежата.
МОДУЛ 1
Вовед во пенетрациско тестирање и методологии
МОДУЛ 2
Опсег и ангажман во пенетрациско тестирање
МОДУЛ 3
Собирање информации од одтворени извори (Open-Source Intelligence [OSINT])
МОДУЛ 4
Пенетрациско тестирање со помош на социјален инженеринг
МОДУЛ 5
Надворешно пенетрациско тестирање на мрежа
МОДУЛ 6
Внатрешно пенетрациско тестирање
МОДУЛ 7
Пенетрациско тестирање на мрежа на периметарки уреди
МОДУЛ 8
Пенетрациско тестирање на веб апликации
МОДУЛ 9
Пенетрациско тестирање на бежична мрежа
МОДУЛ 10
Пенетрациско тестирање на IoT
МОДУЛ 11
Пенетрациско тестирање на OT и SCADA системи
МОДУЛ 12
Пенетрациско тестирање на системи во облак
МОДУЛ 13
Анализа и искористување на бинарни датотеки
МОДУЛ 14
Пишувње на извештај и активности после тестирање
Сертификат за посета на курс издаден од Семос Едукација